Мицкоски од Прилеп: Македонската економија на 4-то место во Европа според растот на БДП

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На трибината на тема ,,Економски раст и дигитална трансформација“ вечерва во Прилеп, претседателот на Владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоcки, пред граѓаните даде отчет за сработеното во изминатата година. Премиерот се осврна мерките кои Владата ги презема за поттикување на вработливоста со програмата за самовработување при тоа потенцирајќи дека програмата е поддршка на приватната иницијатива. За една година посочи тој отворени се нови 15.000 работни места, а економската состојбата е конечно стабилизирана и дека може да се зборува за економски раст.

Премиерот Мицкоски ги нагласи достигнувањата на неговата Влада изминатата година.

-Од последни во Европа по странски инвестиции, до први во Европа со 1 милијарда и двесте педесет и пет милиони евра што е најдобар резултат од независноста до денес. Од двоцифрена инфлација до ниска 2.7% за месец март. Порано растеа само платите на функционерите, а денес растат платите на работниците од 9 до 10 проценти на годишно ниво. Од  индустриското производство кое беше минус 2, до раст на индустриско производство за март од 5.2, рече Мицкоски.

Во однос на економскиот развој премиерот Мицкоски ја потенцираше важноста од стратешкото партнерство со Обединетото Кралство, обезбедувањето на 500 милиони евра поддршка на компаниите за реализација на инвестициски циклус и за поддршка на општините за реализација на капитални проекти за подобрување на животот на граѓаните.

– Обезбедивме раст од БДП 3,2%. Македонската економија на 4-то место во Европа според растот на БДП. Првпат по седум години намален е јавниот долг, заклучно со март 2025 година има намалување 4,7 процентни поени во однос на БДП. Буџетскиот дефицит е намален за 4% од БДП. Платите растат, повисоки плати во администрација, здравство, образование, полиција и култура. Целосно е отплатена Еврообврзницата издадена во 2018 година, во износ од 500 милиони евра – рече премиерот.

Намалувањето на царинските стапки за 67 стоки кои како суровини и репроматеријали се користат во домашната индустрија и целосна либерализација на увозот на стоки со потекло од САД, 120 нови електронски услуги за граѓаните на националниот портал uslugi.gov.mk, признавање на електронските документи како целосно валидни, а државата за прв пат добива закон за безбедност на мрежи и информациски системи се дел од придобивките изминатиот период.

–И она што е важно за Прилеп, обезбедивме и исплативме над 9 милијарди денари субвенции за земјоделците. По претходно спроведена постапка обезбедени се вкупно 967 договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост со вкупна површина од околу 2.700 ха. Откупувачите на тутун ја дополнија откупната цена од 375 на 400 денари за откупен тутун прва класа, се зголеми субвенцијата од 80 на 100 денари за килограм – рече Мицкоски во Прилеп.

Македонија веќе зачекори во нова ера рече премиерот, земја на можности, на човечност и вредности, земја во која секој ќе може да се гордее.

-Оваа година беше година на напорна работа, на посветеност и на враќање на довербата, консолидирање на состојбите и стабилизација. Година во која секој од нас даде дел од себе за да го изгради новиот пат на Македонија, година во која свесни за огромните очекувања и досега многупати изневерените надежи, ние се трудевме да направиме стабилизација која ќе потткне развој, консолидација која ќе донесе раст. Времето на Македонија допрва доаѓа – рече Мицкоски.

На трибината во Прилеп зборуваа министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, министерот за дигитална трансформацијат Стефан Андоновски, директорката на УЈП Елена Петрова и пратеникот Бојан Стојановски.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Љубење со стихови“ – потсетник зошто вреди да се сака и зошто поезијата не е луксуз

 Во свет полн со брзина и бучава, вечерта на „Љубење со стихови“  беше како здив на тишина, како допир на душа со збор. Во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, поетите Филип Димкоски и Лина Димоска го претворија просторот во храм на емоции, каде стиховите не се...

(ВИДЕО) Љубење со стихови – поезија , дружење , моменти за незаборав

Поетско љубовниот перформанс кој вечерва повторно го покажа својот раскош пред прилепчани , „Љубење со стихови” повторно ја имаше својата магична вечер.Една несекојдневна,посебна поетска галаксија  која едноставно те тера да не ги штедиш дланките а претходно да уживаш во стиховите кои на свој препознатолив начин пред присутните ги презентираа ,...

Дрворедите се обновуваат, но несовесните граѓани ги кршат за паркинг

Тековно врши замена на дрворедите,засадувајќи нови садници. Минатиот период биле засадени околу 150 зимзелени дрвца на повеќе локации во градот, итакна директорот на ЈКП Комуналец. “Засадивме на Могилата на непобедените, исто така и во кругот на капелата на старите градски гробишта.  Бидејќи прашањето беше дали ги заменуваме, да, тековно ги...