Промоција на две научни книги, в среда во библиотеката

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Утре (среда) во 18.00 часот во Градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп,  ќе се одржи промоција на две научни книги од проф. д-р Мирослав Димитриески и проф. д-р Гордана Мицеска.

Станува збор за делата „Физиологија на развиток на растенијата со култура на ткива“ и „Сортата прилеп 66 9 клучен фактор во развојот на македонското современо тутунопроизводство“.

На промоцијата за книгите ќе говорат рецензентите проф. д-р Биљана Консулоска Гвероска, проф. д-р Јованка Тутеска и проф. д-р Трајко Мицески, а модертор е дипл. земј. инж. Филип Димкоски.

Проф. д-р Гордана Мицеска е дотор по биолошки науки од областа на физиологијата на растенијата, со плодна научна кариера, а вработена во Научниот институт за тутун во Прилеп од 1985 година. Се пензионира како научен советник, редовен професор на Институтот, чија директорка беше од 2012 до 2020 година. Во досегашната работа како автор и коавтор има објавено и соопштено 137 научни трудови од областа на генетиката, селекцијата и физиологијата на тутнското растение, во различни меѓународни списанија, Практикум по генетика, селексција и семеконтрола, монографија по повод 35 години од формирањето на Друштвото за наука и уметност-Прилеп и др.

Проф. д-р Мирослав Димитриески е редовен професор во пензија. Вработен во Научниот институт за тутун во Прилеп од 1981 година. Во плодната наставно-научна кариера, Мицески бил раководител на Советот за втор циклус студии, член на Советот и Научниот совет, раководител и областен потписник на Институтот, член на Сенатот и Комисијата за наставно-научни прашања при УКЛО-Битола, член и претседател на организационите одбори на симпозиумите по тутун, членувал во неколку комисии при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а бил и претседател на комисијата за полагање на лиценци за проценители на тутун и претседател на здружението на производителите на тутун и произоди од тутун при Стопанската комора на Р. Македонија.  Од 2013 до 2020 бил заменик директор на Научнот институт за тутун во Прилеп. Димитриески заедно со други соработници автор е на 14 признати сорти на тутун, а прв автор е на 9 ориенталски сорти. Како автор и коавтор досега објавил и соопштил 146 научни труда од областа на генетиката, селекцијата и физиологијата на тутунот.

 

Филип Димкоски

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Кривични пријави за недозволено поседување оружје и пиротехника

-ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против 51-годишната Д.Г. од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 15.04.2025, полициски службеници извршиле претрес во викенд куќа во прилепско, која ја користела пријавената, при што биле пронајдени и одземени...

Јавен повик на Општина Прилеп за членови на Локалното собрание на млади

Општина Прилеп објави јавен повик за предлагање на кандидати за членови на Локалното собрание на млади, со цел активно вклучување на младите во локалните политики и донесување одлуки што го засегаат животот на младинската популација. Повикот е распишан врз основа на одредби од Статутот на Општина Прилеп и Законот за младинско...

РАДИО ПЕЛА ЗАКИТИ СО ПРИЗНАНИЈА 13 ВЕЛИЧЕСТВЕНИ ПРИЛЕПЧАНИ

Прилеп уште еднаш докажа и потврдие дака има што да понуди – вредни, креативни, посветени, иновативни, посебни, одговорни и храбри луѓе, за кои вреди да се пишува и да се дел од новинарскиот бележник за нивните дела да останат во архивата на прилепската историја. По 7ми пат, Радио Пела (Радио...