Празник на светите Вартоломеј и Варнава (Вртолум)

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Ден кога се врти Сонцето

Во народното верување посебно важен празник се смета Вртолум, денот кога сонцето се врти кон зима. Се верува дека тоа е тежок празник кога не се работи.

Меѓу  празниците од овој период од годината посебно важно место има празникот на светите маченици Вартоломеј и Варнава во народот познат под името Вртолум, што се празнува на 24 јуни според новиот, односно на 11 јуни според стариот календар.

Во некои наши краишта овој ден се смета за тежок празник поради што не се работи никаква работа. Овој ден народот го поврзува со вртењето на сонцето. Имено се верува дека на овој ден сонцето се врти кон зима. Многумина дури верувале дека тоа е видливо, поради што гледале во сонцето за да виделе кога тоа ќе застанело и ќе се завртело.

Житието сведочи дека светиот апостол Вартоломеј е еден од дванаесетте славни Христови апостоли. Поради проповедање на Христовата вера бил распнат на крст со главата надолу,  но се спасил затоа што во тоа време настанал голем земјотрес во кој загинале тие што го мачеле, како судиите така многу народ, а тој останал неповреден. Тоа се сметало за Божја казна кон оние што го клеветеле и што го суделе. Потоа Евангелието го проповедал во Индија, каде што го превел на тамошен јазик Евангелието по Матеј. Потоа се вратил во Еременија каде што од завист поради тоа што ја излекувал царската ќерка од лудило е распнат на крст, одрана му е кожата и отсечена му е главата. Неговиот спомен се празнува на 24 јуни,  заедно со споменот на светиот апостол Варнава.

Светиот апостол Варнава (Јосиф), од Кипар, пак, е еден од седумдесетте Христови апостоли.

Првото име му било Јосиф, а Варнава е наречен подоцна. На околината оставал впечаток со тоа што ги тешел луѓето, а Варнава значело Син на утеха.  Христијанската вера ја ширел и Евенгелието го проповедал заедно со Апостолите Марко и Павел во Антиохија, Рим и Милано. Настрадал на Кипар од Евреите и бил погребан од Марко заедно со Евангелието по Матеј кое што за време на животот го препишал на рака.

Меѓутоа кај нашиот народ овој ден е поврзан со верувањата за вртењето на времето од лето кон зима и со вртењето на сонцето.

Така дошло и до адаптирање на името Вртолом. Како што запишал Ефтим Спространов во Охридско свети Вартоломеј бил познат како Вртолум и од тој ден сонцето се свртвело кон зима и за тоа многу жалело. Го вртеле дванаесетте апостоли, и и тие, исто така, многу жалеле зашто се завртувало кон зима.

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Рудник САСА го одбележува Денот на рударите со награди за вработените и донации за локалната заедница

По повод 28 август – Денот на македонските рудари и двојниот празник на Македонска Каменица, Рудник САСА продолжи со својата долгогодишна традиција на оддавање признание за трудот и посветеноста на своите вработени, потврдувајќи ја воедно својата заложба за поддршка на напредокот на локалната заедница. И оваа година сите 790 вработени во САСА за празникот добија

Петмина од повредените во „Пулс“ се уште се на болничко лекување, двајца во Турција, тројца во државата

Петмина од повредените во пожарот во дискотеката ,,Пулс”, во Кочани, и по пет месеци од трагичниот настан се уште се наоѓаат на болничко лекување. Двајца се во здравствена установа во Турција, а тројца во земјава. Според последните информации со кои располага Фондот за здравствено осигурување, дел од лицата повредени во трагичниот настан во дискотеката „Пулс“

Трка во чест на Иле, возачот на Брза помош, кој возеше 11 пати од Кочани за Скопје на денот на трагедијата во „Пулс“

На 6 септември за првпат ќе се одржи хуманитарна трка „Голак Треил‘‘,  спортски настан кој претставува уникатна комбинација од планинско трчање и брзо одење, зависно од делницата на патеката, низ живописните предели на планината Голак, со совладување на одредена надморска висина. Првото издание на ‘‘Голак Треил‘‘ ќе биде посветено на прерано починатиот Иле Гоцевски, возач