Од утре топлотен бран! Се вклучува алармот за заштита

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Следуваат пеколно жешки денови со екстремно високи температури во најголем дел од Македонија. Се очекува Владата да прогласи алармантна состојба, опасна по здравјето на луѓето и да го „тестира“ функционирањето на новиот Акциски план за превенирање на последиците од топлинските бранови.

Поради најавата од Управата за хидрометеоролошки работи за очекувани повисоки максимални дневни температури од утре до 27 јуни, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) попладнево издаде апел за засилено почитување на мерките за заштита на здравјето на општата популација, со посебен акцент на ранливите групи на население во услови на високи амбиентални температури.

ИЈЗ посочува дека во ранливи категории спаѓаат лицата кои работат во надворешни услови и се поизложени на влијанието на топлотните бранови, како и оние кои работат на работни места изложени на висока температура и топлинско зрачење или пак губат премногу течности за време на работата. Тука се вклучени градежни работници, земјоделци, сообраќајна полиција, доставувачи и други.

За работодавачите, ИЈЗ издаде низа препораки за заштита на работниците од високи температури. Тие вклучуваат редовно проверување и одржување на техничко-технолошки мерки како вентилација и климатизација, редовно мерење на амбиенталната температура и поставување на работните станици подалеку од сончева светлина и извори на топлина.

Препорака има и за обезбедување минимум една климатизирана просторија која ќе функционира како „засолниште“, каде што вработените ќе можат да се разладуваат во текот на работниот ден.

можноста за потенцијално работење онлајн, флексибилно работно време, двократно работење или надополнување на изгубеното работно време. Строго се препорачува избегнување на работа на отворено во периодот од 11 до 17 часот, почести паузи и постојана достапност на течности и електролити. Други препораки вклучуваат ротација на работните задачи, преместување на работниците во постудени простории кога е тоа можно, обезбедување поголем број работници по потреба, намалување на интензитетот на работата и нормите, и избегнување на прекувремена работа.

Посебна внимателност се бара кон ранливите групи вработени како постари работници, хронично болни, лица со зголемена телесна тежина и бремени жени, со нивно прераспределување на работни места соодветни за нивната состојба. Неопходно е и обезбедување соодветни лични заштитни средства,

време на паузите и надзор при работа со хемикалии поради зголемена опасност од интоксикација.

За вработените, ИЈЗ препорачува урамнотежена исхрана, внесување минимум два литра вода дневно, избегнување алкохол и кофеин, и внесување електролити при засилено потење. Важни се и редовниот одмор, доволно спиење, туширање, носење лесна, светла и памучна облека, заштитни очила за сонце, капи и крем со УВ фактор 30+ при работа на отворено. Клучно е и препознавањето на симптомите на топлотен удар – вртоглавица, замор, вознемиреност, повраќање – и будност за состојбата на колегите.

Во случај на симптоми на топлотен удар, препораките за прва помош вклучуваат веднаш да се повика 194 или 112, лицето да се префрли во разладена просторија, да легне хоризонтално со подигнати нозе, да се лади со ладни облози и прскање со вода, да не се дава терапија додека не пристигне лекарска помош, а ако е во бессознание, да се постави во странична положба.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Кривични пријави за недозволено поседување оружје и пиротехника

-ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против 51-годишната Д.Г. од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 15.04.2025, полициски службеници извршиле претрес во викенд куќа во прилепско, која ја користела пријавената, при што биле пронајдени и одземени...

Јавен повик на Општина Прилеп за членови на Локалното собрание на млади

Општина Прилеп објави јавен повик за предлагање на кандидати за членови на Локалното собрание на млади, со цел активно вклучување на младите во локалните политики и донесување одлуки што го засегаат животот на младинската популација. Повикот е распишан врз основа на одредби од Статутот на Општина Прилеп и Законот за младинско...

РАДИО ПЕЛА ЗАКИТИ СО ПРИЗНАНИЈА 13 ВЕЛИЧЕСТВЕНИ ПРИЛЕПЧАНИ

Прилеп уште еднаш докажа и потврдие дака има што да понуди – вредни, креативни, посветени, иновативни, посебни, одговорни и храбри луѓе, за кои вреди да се пишува и да се дел од новинарскиот бележник за нивните дела да останат во архивата на прилепската историја. По 7ми пат, Радио Пела (Радио...