Иницијатива за довршување и осветување на Соборниот храм „Св. Преображение“ во Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, започната е иницијатива за довршување и осветување на Соборниот храм „Св. Преображение“ во Кочани.

Храмот се наоѓа во Стопанскиот двор, во близина на Детската градинка и фабриката „Руен“.

Градежните работи започнале во далечната 2006 година, а доизградбата е финализирана во 2021 година.

Денес, овој велелепен храм е внатрешно затворен и подготвен за фрескопишување – фреските се веќе нарачани.

Иконостасот е изработен, а во наредниот период се планира поставување на подот.

Досегашниот напредок е остварен благодарение на помошта од еден благочестив донатор.

Сепак, за целосно довршување на храмот, потребни се дополнителни средства за следните активности:

Завршување на фасадата

Уредување на дворното место

 камбанарија со свеќарник

Продавница за свеќи

Крстилница

Дел од постоечките помошни објекти ќе бидат реновирани и пренаменети за овие потреби.

Сите верници и луѓе со добра волја кои сакаат да помогнат, може да донираат на следниве начини:

Парична донација преку сметката на храмот „Св. Преображение“

Директна донација при свештенството во храмот „Св. Георгиј“ – Кочани

Донација во градежен материјал (по претходна консултација со свештенството)

Доброволна работна рака од мајстори и занаетчии

Оваа хумана и духовна мисија се реализира во соработка со свештенството при храмот „Св. Георгиј“ – Кочани, поддржана од верски организации и бројни благочестиви христијани.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Вози сигурно, избери „D Мото“ – Кочани !

Д Мото – Кочани, вистинското место за секој моторџија! Голем избор на делови за мотоцикли, квалитетни акумулатори, издржливи пневматици, модерни кациги и врвна мото козметика – сè на едно место. Сигурност, квалитет и перформанси за вашето возење – секој ден. Локација: под големиот паркинг кај ГТЦ Кочани. Контакт: 071 208 849. Д Мото – за

Четири наставнички од училишниот младински клуб „Драгана Минова“ од ОУ „Раде Кратовче“ успешно го завршија учеството во Еразмус + проекти

Четири наставнички од училишниот младински клуб „Драгана Минова“ од ОУ „Раде Кратовче“ успешно го завршија учеството во два Еразмус + проекти што се одржаа во Смолјан, Бугарија. Во рамки на проектите, тие учествуваа во обуки и работилници посветени на ментално здравје при што стекна нови знаење и искуства. За својот ангажман добија сертификати, а од

За борачот Ангелов – спртската стипендија од Општината

Борачот Филип Ангелов, член на БК „Спартак“ од Кочани е стипендист на Општина Кочани за спортските резултати што ги постигнаа во борењето минатата година. Ангелов, кој е активен спортист во борењето пет години и е носител на повеќе високи награди на домашно и на меѓународно ниво во 2025 година, е единствениот кандидат што во целост