Првата група повредени од пожарот во Кочани почна со лекување на Пониква

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Почна лекувањето во одмарилиштето на „Пониква“ на настраданите од кобниот пожар што се случи во дискотеката „Пулс“. 46 луѓе на кои им е потребно лекување од изгореници, се дел од првата група којашто две недели ќе се лекува во одмарилиштето. Тие ќе добијат физикална и физиотерапија, ќе вежбаат јога, набавени се веќе и специјалните креми за изгорена кожа, а обучен тим на медицинари ќе се грижат за нив. Директорката на Општата боолница Кочани, информира дека во следен период, во неколку групи, пациентите ќе можат  во одмаралиштето да го продолжат лекувањето на раните.

58 пациенти веќе носат компресивна облека. Медицинарите забележале значителни подобрувања кај пациентите. Како што вчера беше објавено, дополнително, се вршат подготовките за изработка на компресивна облека за уште 14 лица, со помош на која ќе можат да ги изведуваат неопходните физикални вежби и ќе имаат заштитен фактор килу нивните лузни.

Лекарите ги советуваат пациентите стриктно да ги почитуваат препораките за носење на компресивната облека во поголем дел од денот, најмалку 23 часа. Притоа, во наредните две години, облеката треба да се менува на секои шест месеци, а Фондот за здравствено осигурување ќе обезбеди два сета по пациент.

Стигнати биле и лепенки што пациентите долго ги барале, првата пристигната тура броела 95 лепенки.

Веќе биле потпишани договори со ГОБ „8 Септември“ за пулмолози, се работело на списоци со пациенти на кои им е неопходен преглед кај пулмолог. Директорката на кочанската болница нагласи  дека ќе се направи список на потреби, распоред за пулмолошки прегледи кои што ќе се одвиваат во Општата болница – Кочани.

Истовремено, Кочани добива системски пристап во здравството и подобри услови за пациентите. Во моментов се одвива реконструкција на просторот на физикална медицина во кочанската болница, со вкупна површина од 350 квадратни метри. Рокот за завршување на работите е предвиден во наредните 3-4 недели.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Пет ученички-членови на медиумскиот клуб во ООУ „Крсте Петков Мисирков“ Оризари најмали,а воедно најактивни и креативни учесници на обуката „Млади креатори на содржина“ одржана...

Пет ученички од 9 то одд. членови на медиумскиот клуб во ООУ „Крсте Петков Мисирков“ Оризари беа дел од проектот „Млади креатори на содржина“ во организација на томот на „Види Вака“ и „Гоце.мк“. Станува збор за ученичките Бисера Стоилова, Марија Ананијева, Ана Каранфилова, Магдалена Николова и Теодора Трајчева и нивниот ментор наставничката Тања Велкова. Проектот

Наков: Нема граѓанин на Кочани кој така не ја доживеа трагедијата лично. Сите ние сме поврзани. Но, тоа е животот мора да продолжиме напред…

Една година по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, болката и сеќавањата сѐ уште се силни кај граѓаните. Тешкиот настан не ја одмина ниту кочанската компанија „Амфенол“, каде што вработените и раководството се соочија со сериозни предизвици во тој период. Генералниот менаџер Сашко Наков вели дека првичната цел била да се амортизира ударот и истовремено

Игор Јованов избран за претседател на Адвокатската заедница Кочани

Во ресторан „Амор“ во Кочани вчера се одржа собир на адвокатите од Адвокатската заедница Кочани, во присуство на претставници од Адвокатската комора на Република Македонија. Средбата започна во 14:30 часот и се одвиваше според утврден дневен ред, кој опфати избор на претседател на заедницата, како и избор на претставници – делегати во Собранието на Адвокатската