ДЕНЕСКА Е ПРВ ДЕН ОД ЛЕТОТО – КАКВО ЛЕТО НЕ ОЧЕКУВА?

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Летото на северната полутопка на Земјата официјално започна утрово во 4:42 часот, додека зимата започна на јужната полутопка во исто време.

За жителите на Северната хемисфера, летото започнува во моментот кога северниот дел од оската на Земјата е најблиску до Сонцето. На тој ден, висината на Сонцето напладне е најголема во текот на годината.

Во исто време, започнува зимата за жителите на јужната полутопка.

На денот на почетокот на летото, ноќта е најкратка, а денот е најдолг.

Сонцето денеска изгреа во 04:52 часот, а ќе зајде во 20:27 часот, што значи дека дневната светлина ќе трае 15,36 часа, а ноќната светлина осум часа и 24 минути.

Какво лето не очекува

Под влијание на многу топла воздушна маса која ќе продре од Африка кон Mакедонија , од понеделник (23 јуни) па во текот на целата следна работна недела времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец.

И во Кочанскиот регион, во текот на следната работна седмица ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец.

Што се однесува до температурите, тие значително ќе се покачат и максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени. Во Повардарието од средината на следната седмица температурата ќе се искачува до околу 40 степени. Во Скопскиот регион температурата во текот на следната работна седмица ќе се искачува во интервалот помеѓу 38 и 40 степени.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Желбата на Ице Андонов од Кочани го допре цело срце на Битола

Една искрена желба – да го донесе својот автомобил на првиот CAR SHOW во Битола – остана незаборавена. Иако животот сурово пресече, не дозволувајќи Ице Андонов од Кочани да биде физички присутен, неговиот дух, желбата и љубовта кон автомобилите беа посилни од времето и просторот. Денес, таа негова желба стана реалност. Благодарение на неговото семејство

Првата група повредени од пожарот во Кочани почна со лекување на Пониква

Почна лекувањето во одмарилиштето на „Пониква“ на настраданите од кобниот пожар што се случи во дискотеката „Пулс“. 46 луѓе на кои им е потребно лекување од изгореници, се дел од првата група којашто две недели ќе се лекува во одмарилиштето. Тие ќе добијат физикална и физиотерапија, ќе вежбаат јога, набавени се веќе и специјалните креми

Кочанскиот КУД „Руен“ ја освои публиката и жирито во Сандански Бугарија

Денеска КУД „Руен“ – Кочани, учествуваше на меѓународниот фолклорен фестивал во Сандански, Бугарија. Фестивалот беше од натпреварувачки карактер, а нашето друштво се претстави со автентични ора, носии и македонска традиција. Како резултат на одличниот настап, освоивме плакета за одлично претставување, што претставува уште едно признание за трудот и љубовта што ја вложуваме во зачувувањето на