Горанчо Крстев ќе биде кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ во Општина Чешиново-Облешево

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Горанчо Крстев ќе биде кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ во Општина Чешиново-Облешево, ова на прес-конференција го сподели претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Филипче сподели и уште други 18 кандидати:

Општина Центар – Горан Герасимовски (актуелен градоначалник)

Општина Аеродром – д-р Александар Трајановски

Општина Ѓорче Петров – Костадин Ацески

Општина Чучер Сандево – Сашо Комненовиќ (актуелен градоначалник)

Општина Берово – Илија Рунтевски

Општина Крива Паланка – Сашо Митовски (актуелен градоначалник)

Општина Лозово – Ацо Велковски

Општина Богданци – Блаже Шопов

Општина Дојран – Ристо Џинев

Општина Могила – Зоран Ристевски

Општина Неготино – Петар Мантев

Општина Новаци – Љубе Кузмановски

Општина Росоман – Стојанче Николов (актуелен градоначаник)

Општина Вевчани – Стефан Радионоски

Општина Крушево – Томе Христоски (актуелен градоначалник)

Општина Ресен – Александар Бузлевски

Општина Штип – Павел Иванов

Општина Гази Баба – Влатко Митовски

Инаку, Крстев функцијата градоначалник ја извршуваше во периодот од 2017 до 2021 година.

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Учениците во ООУ „Славчо Стојменски“ – Виница второто полугодие го започнаа со новитет..

Учениците во ООУ „Славчо Стојменски“ второто полугодие го започнаа со прекрасен новитет – во функција е пуштен новоизградениот мини фитнес центар во рамки на училиштето. Центарот располага со две целосно опремени простории: едната со модерни и современи справи за теретана, а другата наменета за аеробик и пилатес активности. Со ова, еден дотогаш нефункционален простор е

Сладолед, кафе и смути на едно место: „Пингу“ започна со работа во Кочани

Денеска во Кочани беше отворено ново слатко катче „Пингу“, лоцирано на улицата „Димитар Влахов“ во населбата Стришани, веднаш до крушниот тек. Просториите беа отворени со благослов од храмот „Св. ВМЧ Георгиј“. „Пингу“ е првото и единствено слатко катче од ваков вид во Кочани и нуди богата и разновидна понуда од секаков вид кафе, смути, сладолед,

Пожар во помошен објект на улицата „Јане Сандански“ во Кочани

Утринава, нешто по 8 часот, избувна пожар во помошен објект на улицата „Јане Сандански“ во Кочани. Од Територијалната противпожарна единица – Кочани информираат дека пријавата за пожарот ја добиле во 08:45 часот. На терен интервенирале две противпожарни возила и четворица пожарникари, кои со брза интервенција спречиле огнот да се прошири и да зафати соседна куќа.