Позитивни резултати и нови терапии за повредените од „Пулс“ – Кочанската болница со засилена грижа и инвестиции

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Педесет и осум лица повредени во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани веќе носат компресивна облека, која, според лекарите, дава видливи резултати во третманот на лузните. Директорката на Општата болница во Кочани, д-р Катерина Паниќ-Мирчовска, информираше дека облеката се носи најмалку две години и овозможува пациенти да се движат и да посетуваат физикална терапија.

Дополнително, уште 14 пациенти се во процес на мерење за ваква опрема. Во болницата пристигнаа и нови специјални креми и 95 лепенки за третман на изгореници, со набавка што ќе се одвива според достапноста на пазарот.

Во пожарот загинаа 62 лица, а над 200 беа повредени. Десет пациенти и натаму се на лекување, половина во странски, а половина во македонски здравствени установи.

За забрзување на заздравувањето, веќе се применува и ПРП терапија – иновативен третман со плазма од сопствената крв на пациентот. Досега 19 лица се третирани од два различни медицински тима од Скопје. Сите идни пациенти ќе добијат повик со точен термин.

Во координација со Министерството за образование, се планира и поддршка за учениците жртви во трагедијата, со цел нивно редовно вклучување во наставата.

Портпаролката на Владата, Марија Митева, нагласи дека Владата инвестира системски во здравствениот сектор во Кочани. Во тек е целосна реконструкција на просторот за физикална медицина на 350 м², што вклучува нова електрична, водоводна и противпожарна мрежа, замена на прозорци, врати, подови и поставување на нова хидрантска инсталација.

Од утре започнува приемот на пациенти и во рехабилитацискиот центар на Пониква, каде што се направени подготовки и дезинфекција, поставени се комарници и обновени се спортските игралишта.

– Кочани добива системска грижа. Денес вложуваме во инфраструктурата, безбедноста и достапноста на здравствениот систем – истакна Митева, потенцирајќи дека грижата за повредените не престанува, туку се засилува.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Вози сигурно, избери „D Мото“ – Кочани !

Д Мото – Кочани, вистинското место за секој моторџија! Голем избор на делови за мотоцикли, квалитетни акумулатори, издржливи пневматици, модерни кациги и врвна мото козметика – сè на едно место. Сигурност, квалитет и перформанси за вашето возење – секој ден. Локација: под големиот паркинг кај ГТЦ Кочани. Контакт: 071 208 849. Д Мото – за

Четири наставнички од училишниот младински клуб „Драгана Минова“ од ОУ „Раде Кратовче“ успешно го завршија учеството во Еразмус + проекти

Четири наставнички од училишниот младински клуб „Драгана Минова“ од ОУ „Раде Кратовче“ успешно го завршија учеството во два Еразмус + проекти што се одржаа во Смолјан, Бугарија. Во рамки на проектите, тие учествуваа во обуки и работилници посветени на ментално здравје при што стекна нови знаење и искуства. За својот ангажман добија сертификати, а од

За борачот Ангелов – спртската стипендија од Општината

Борачот Филип Ангелов, член на БК „Спартак“ од Кочани е стипендист на Општина Кочани за спортските резултати што ги постигнаа во борењето минатата година. Ангелов, кој е активен спортист во борењето пет години и е носител на повеќе високи награди на домашно и на меѓународно ниво во 2025 година, е единствениот кандидат што во целост