Прилепско поле: за неколку дена ќе биде саниран дефектот на главниот цевковод за наводнување на левата падина

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Подружница Прилепско поле, при АД Водостопанство во врска со големиот дефект на главниот цевковод од водоснабдителната мрежа на левата падина денеска преку известување информира дека за неколку денови ќе биде саниран проблемот:

Известување до јавноста

Почитувани, АД ,,Водостопанство” ги известува сите водокорисници, дека во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, интензивно се работи на дефектот на Главен цевковод ,, Лева падина ” Ф 700мм, на место викано ,,Сарика” и истиот ќе биде саниран за неколку дена со што ќе се воспостави нормално водоснабдување. Ве молиме за разбирање.

Со почит АД ,, Водостопанство ” подружница ,,Прилепско Поле ”

Проблемот со главниот цевковод за наводнување на левата падина од прилепскиот систем е од почетокот на сезоната за наводнување, пролетва. Од Прилепско поле посочуваат дека водоснабдителната мрежа изградена во 60 тите години од минатиот век не е рехабилитирана од кога е изградена и дека е многу тешко да се набават соодветни делови за замена.

Во случајот со дефектот кај местото викано Сарика, близу Прилеп, на цевката Ф 700 досега се заменети неколку спојки, кои не можеа да го издржат водниот притисок.

За увид во состојбата на терен со цел побрзо решавање на проблемот, беше запознат и ресорниот министер Трипуновски, кој што вчера имаше работна средба со надлежните во Прилеп.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Љубење со стихови“ – потсетник зошто вреди да се сака и зошто поезијата не е луксуз

 Во свет полн со брзина и бучава, вечерта на „Љубење со стихови“  беше како здив на тишина, како допир на душа со збор. Во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, поетите Филип Димкоски и Лина Димоска го претворија просторот во храм на емоции, каде стиховите не се...

(ВИДЕО) Љубење со стихови – поезија , дружење , моменти за незаборав

Поетско љубовниот перформанс кој вечерва повторно го покажа својот раскош пред прилепчани , „Љубење со стихови” повторно ја имаше својата магична вечер.Една несекојдневна,посебна поетска галаксија  која едноставно те тера да не ги штедиш дланките а претходно да уживаш во стиховите кои на свој препознатолив начин пред присутните ги презентираа ,...

Дрворедите се обновуваат, но несовесните граѓани ги кршат за паркинг

Тековно врши замена на дрворедите,засадувајќи нови садници. Минатиот период биле засадени околу 150 зимзелени дрвца на повеќе локации во градот, итакна директорот на ЈКП Комуналец. “Засадивме на Могилата на непобедените, исто така и во кругот на капелата на старите градски гробишта.  Бидејќи прашањето беше дали ги заменуваме, да, тековно ги...