Mултимедијалната изложба „Автопортрет“ на академскиот уметник Дарко Талески

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Петок,  20 јуни 2025 година, со почеток во 19:30 часот, во ликовната галерија при НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворена мултимедијалната изложба „Автопортрет“ на академскиот уметник Дарко Талески.

Изложбата „Автопортрет“ претставува интерактивно мултимедијално дело, кое ја истражува темата на индивидуалниот идентитет и себесознавањето. Преку уникатниот пристап на користење „магично“ огледало – дигитално платно на кое се проектираат прашања и анимации  со  што посетителите ќе бидат поттикнати на интроспекција и создавање на сопствен, динамичен автопортрет.

Оваа изложба ја става уметноста во дијалог со технологијата, поврзувајќи ги мислите, емоциите и визуелните стимули во жив, променлив процес на интеракција.

Дарко Талески, уметник со долгогодишно искуство и иновативен пристап кон мултимедијалната уметност, во ова дело нуди платформа за сите посетители да размислуваат за сопствениот идентитет и да учествуваат во креативен процес кој е истовремено личен и универзален.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

 100% ЗГОЛЕМЕН ИНТЕРЕСОТ ЗА УПИС ВО ЕКОНОМСКО – ПРИЛЕП

СОЕПТУ “Кузман Јосифоски-Питу“ – Прилеп, продолжува да ги шири можностите за учениците  со визија за практично, модерно и интернационално образование. Оваа година ЕКОНОМСКОТО со своите струки и профили стана  БРОЈ ЕДЕН за упис на деветтоодделенците. „Во првиот уписен рок бројот на пријавени ученици е зголемен 100%!“  информираат од СОЕПТУ “Кузман...

Двајца прилепчани преку ѕидот на затворот фрлале кокаин

Битолската полиција поднесе кривична пријава против двајца прилепчани поради постоење основи на сомнение дека со возило дошле до Казнено – поправната установа Затвор Прилеп и преку ѕидот, внатре во затворот, фрлиле кокаин. „СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Д.(21) и С.Р.(23), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично...

Крушевчани фатени во кражба на огревно дрво

На 17.06.2025 на место викано „Слива“ и место викано „Чешма АРМ“, полициски служеници од ОВР Крушево од лицето И.Д. од Крушево, кој управувал патничко возило „опел корса“ со крушевски регистарски ознаки и од лицето М.З. од Крушево, кој управувал патничко возило „југо “ со крушевски регистарски оззнаки, одзеле огревно дрво....