Саниран дефектот на левата падина од хидросистемот, вода пробно пуштена со помал притисок

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Како изгледа во ек на сезона при систем за наводнување, месец и половина без вода најдобро знаат прилепските земјоделци.  Целата лева падина од прилепскиот хидросистем не функционира поради голем дефект на главната цевка Ф 700 која не го издржала притисокот уште на стартот од сезоната за наводнување пролетва. Земјоделците велат дека штетите се огромни бидејќи тутунот кој што бил веќе расаден е исушен на нива, оној што преживеал бара вода и доколку итно не се санира дефектот нема ништо да остане од реколтата. Принудени се да носат вода со буриња за да опстане барем нешто од бавчите и од тутунот.

– Ние од тој тутун живееме не чекаме плата. Во 21 век ние плаќаме за хидросистем редовно, ако не платиме нема да добиеме субвенции за тутунот. Како може да не се реши проблемот?

– Договори се склучија со Комбинатот, ќе бараат килограми, а 99 отсто тутун нема. Овде нишај нозе земај плата, платата им иде, не им е гајле за народот, нека умира, вели Стеван Илиески, тутунопроизводител од Прилеп.

– За расад дадов 500 евра, Ново Лагово насадени се. Тутунот целиот се исуши, водата ја запреа баш во садењето на тутун. Тутунот е уништетeн 100 отсто, сега треба одново да се преора. Од ново ќе треба расад да купувам, а расад од каде да најдам. Вртолум дојде…, вели Тони Дејкоски од Прилеп.

Екипа од АД Водостопанство денеска беа на терен и работеа на решавање на проблемот. Велат дека цевките се дотраени, бидејќи стари над 50 години. Многу тешко да се најдат соодветни делови. Новиот директор на прилепската подружница на АД Водостопанство Зоран Тодороски во телефонски разговор за Радио Пела попладнево рече дека заменет е делот- спојката на главната цевка и извршено е пробното пуштање со помал притисок. Во текот на утрешниот ден со сигурност ќе се знае дали во целост проблемот е решен.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Кривични пријави за недозволено поседување оружје и пиротехника

-ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против 51-годишната Д.Г. од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 15.04.2025, полициски службеници извршиле претрес во викенд куќа во прилепско, која ја користела пријавената, при што биле пронајдени и одземени...

Јавен повик на Општина Прилеп за членови на Локалното собрание на млади

Општина Прилеп објави јавен повик за предлагање на кандидати за членови на Локалното собрание на млади, со цел активно вклучување на младите во локалните политики и донесување одлуки што го засегаат животот на младинската популација. Повикот е распишан врз основа на одредби од Статутот на Општина Прилеп и Законот за младинско...

РАДИО ПЕЛА ЗАКИТИ СО ПРИЗНАНИЈА 13 ВЕЛИЧЕСТВЕНИ ПРИЛЕПЧАНИ

Прилеп уште еднаш докажа и потврдие дака има што да понуди – вредни, креативни, посветени, иновативни, посебни, одговорни и храбри луѓе, за кои вреди да се пишува и да се дел од новинарскиот бележник за нивните дела да останат во архивата на прилепската историја. По 7ми пат, Радио Пела (Радио...