Попоски: „Во градот владее урбанистички хаос, улиците се валкани и изрешетени со дупки„

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На прес конференција, денеска, ОО на СДСМ -Прилеп ја критикуваше власта за патната инфраструктура во Прилеп. Филип  Попоски, при ова рече:

Улиците во Прилеп изрешетани со дупки – каде завршија 54 милиони денари за нивно асфалтирање? На Прилеп му се случува невидена градежна офанзива – градоначалникот Јовчески и ДПМНЕ велат дека ја има, ама неа сеуште никој не ја видел! Во градот владее урбанистички хаос, улиците се валкани, потонати во мрак и изрешетени со дупки. Цели 4 години во Прилеп камче не е поместено. Се распишуваат тендери, се склучуваат договори за реконструкција и асфалтирање на улици, а тие секоја година се се’ полоши и се’ пораскопани. Ако е така, а така е, локалната власт е должна да каже каде завршуваат општинските пари? Минатата година Општина Прилеп со скопската фирма УРБАН ПАВЕР склучила договор за одржување, крпење дупки, изградба на тротоари, патишта и улици во вредност од 10 милиони денари. Ниту улици се асфалтираа, ниту тротоари се направија, а парите се потрошија. За тековната 2025 година нов договор за јавна набавка помеѓу старите партнери – Општина Прилеп и УРБАН ПАВЕР. За разлика од претходниот, овој договор има два дела: • првиот за реконструкција, рехабилитација на улици и општински патишта, “тежок“ 34 милиони денари; • вториот за одржување ударни дупки, прокопи, тампонирање и други работи на улици и општински патишта, во вредност од 10 милиони денари. Или севкупна вредност на договорот – фантастични 44 милиони денари! Она што боди очи, е дека рокот на изведба на работите е 6 месеци, што значи точно до почетокот на локалните избори. Премногу провидно и наивно, но кога е во прашање ДПМНЕ – веќе видено. Дека се лови во матно и дека под изговор на “крпење“ дупки некој “крпи“ стотици илјади евра, покажува и еден друг податок: за еден тон асфалт Општина Охрид плаќа 3.800 денари, Тетово 6.500, Кавадарци 4.650, а Прилеп дури 16.000 денари! Постојат мал милион причини заради кои објавното винителство треба да го прочешла финансиското работење и на Општина Прилеп, но и на општинските јавни претпријатија. Господа од ДПМНЕ, доста ги полневте џебовите – пополнете ги дупките по улиците!- истакна Попоски на денешната прес конференеција на ОО на СДСМ – Прилеп

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Кривични пријави за недозволено поседување оружје и пиротехника

-ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против 51-годишната Д.Г. од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 15.04.2025, полициски службеници извршиле претрес во викенд куќа во прилепско, која ја користела пријавената, при што биле пронајдени и одземени...

Јавен повик на Општина Прилеп за членови на Локалното собрание на млади

Општина Прилеп објави јавен повик за предлагање на кандидати за членови на Локалното собрание на млади, со цел активно вклучување на младите во локалните политики и донесување одлуки што го засегаат животот на младинската популација. Повикот е распишан врз основа на одредби од Статутот на Општина Прилеп и Законот за младинско...

РАДИО ПЕЛА ЗАКИТИ СО ПРИЗНАНИЈА 13 ВЕЛИЧЕСТВЕНИ ПРИЛЕПЧАНИ

Прилеп уште еднаш докажа и потврдие дака има што да понуди – вредни, креативни, посветени, иновативни, посебни, одговорни и храбри луѓе, за кои вреди да се пишува и да се дел од новинарскиот бележник за нивните дела да останат во архивата на прилепската историја. По 7ми пат, Радио Пела (Радио...