(Видео) Бумбароски: Во изминатите три години општината вложи над 100 милиони денари во образованието

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Гоце Бумбароски, советник по образование во Локалната Самоуправа – Прилеп денеска излезе со прес, реагирајќи на обвинувањата на ОО на СДСМ – Прилеп. Тој во своето излагање рече:

Општина Прилеп, како локална самоуправа предводена од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Борче Јовчески, со должна одговорност ги отфрла сите изнесени невистини и манипулации искажани на прес конференцијата на ОО на СДСМ Прилеп. Наместо конструктивна критика, граѓаните се сведоци на уште една политичка флоскула од партија која во своето владеење остави траг од занемарен образовен систем. Фактите се непобитни: Во изминатите три години, Општината вложи над 100 милиони денари во унапредување на условите за работа и настава во сите основни и средни училишта во градот и населените места. За прв пат, учениците од прво до трето одделение добиваат бесплатен, здрав оброк, со што ја покажавме нашата реална грижа за најмладите. Оваа мерка продолжува, а со новата учебна година ќе воведиме, нови олеснувања за родителите и семејствата. Очигледно е дека во сите училишта се направени реконструкции на училници, обнова на наставна и информатичка опрема, поставување на смарт табли, уредување на спортски игралишта, партерно уредување и други проекти кои директно влијаат врз квалитетот на образованието. Во финална фаза е изградбата на нова спортска сала во ООУ „Блаже Конески“ – објект кој беше повеќегодишна потреба за учениците и наставниците, а сега станува реалност. За време на владеењето на СДСМ, училиштата добиваа навредливо мали суми, по 10.000 денари за проекти кои што бараа темелна реконструкција. Денес, благодарение на поддршката од централната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, на Прилеп му следи нов инвестициски циклус – со конкретни проекти за подобрување на условите во училиштата од кои што можат да се издвојат, Гимназијата „Мирче Ацев“ каде што ќе се вложат 45 милиони денари, во СОУ Ристе Ристески Ричко 17 милиони денари и во ООУ Рампо Левката дополнителни 6,5 милиони денари, сето ова до крајот на оваа година, со што ќе имаме вкупна сума од над 170 милиони денари инвестиции во образованието за 4 години! Нашата цел е јасна, образование со квалитет, за ученици со иднина. За разлика од оние кои мислат дека гласови се добиваат со фрази, ние работиме со дела. И, ќе продолжиме со уште поголем интензитет, за нашите граѓани и за квалитетно образование на нашите деца.

– изајви Бубароски на Прес конференцијата која се одржа пред општинската зграда на ЛС.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Кривични пријави за недозволено поседување оружје и пиротехника

-ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против 51-годишната Д.Г. од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 15.04.2025, полициски службеници извршиле претрес во викенд куќа во прилепско, која ја користела пријавената, при што биле пронајдени и одземени...

Јавен повик на Општина Прилеп за членови на Локалното собрание на млади

Општина Прилеп објави јавен повик за предлагање на кандидати за членови на Локалното собрание на млади, со цел активно вклучување на младите во локалните политики и донесување одлуки што го засегаат животот на младинската популација. Повикот е распишан врз основа на одредби од Статутот на Општина Прилеп и Законот за младинско...

РАДИО ПЕЛА ЗАКИТИ СО ПРИЗНАНИЈА 13 ВЕЛИЧЕСТВЕНИ ПРИЛЕПЧАНИ

Прилеп уште еднаш докажа и потврдие дака има што да понуди – вредни, креативни, посветени, иновативни, посебни, одговорни и храбри луѓе, за кои вреди да се пишува и да се дел од новинарскиот бележник за нивните дела да останат во архивата на прилепската историја. По 7ми пат, Радио Пела (Радио...