(ВИДЕО) Заврши 59 МТФ „Војдан Чернодрински“

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Синоќа, со свечено доделување на наградите и со претставата „Вистината“ во изведба на НУ Театар Комедија од Скопје, заврши педесет и деветото издание на најзначајниот театарски фестивал во Македонија, „Војдан Чернодрински“.

Да потсетиме, фестивалот започна на 6 јуни, беа изведени вкупно 14 претстави, од кои 9 беа во официјалната конкуренција. Екипата на Радио Пела, кое е еден од медумските поддржувачи на фестивалот, неуморно ја следеше атмосферара од сите случувања на фестивалот, како отворањето, претставите, изложбите, поставките, детската зона, тркалезните маси, забавата, промоциите и секако затворањето. Разговаравме и со организаторите, но и со актерите, режисерите, волонтерите и граѓаните.

Во нашата репортажа од затворањето на фестивалот, пренесуваме како изгледаше и на сцената, но и околу неа, разговаравме со доајенката на МНТ, Снежана Коневска Руси која целосно ги проследи сите програмски содржини на фестивалот, со наградената актерка Слаѓана Вујошевиќ, со директорот на Турскиот театар, Осман Али, но и со неколку наши сограѓани. Погледнете!

Филип Димкоски

Техничка реализација: Никола Димески

Продукција: Радио Пела, јуни, 2025

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Кривични пријави за недозволено поседување оружје и пиротехника

-ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против 51-годишната Д.Г. од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 15.04.2025, полициски службеници извршиле претрес во викенд куќа во прилепско, која ја користела пријавената, при што биле пронајдени и одземени...

Јавен повик на Општина Прилеп за членови на Локалното собрание на млади

Општина Прилеп објави јавен повик за предлагање на кандидати за членови на Локалното собрание на млади, со цел активно вклучување на младите во локалните политики и донесување одлуки што го засегаат животот на младинската популација. Повикот е распишан врз основа на одредби од Статутот на Општина Прилеп и Законот за младинско...

РАДИО ПЕЛА ЗАКИТИ СО ПРИЗНАНИЈА 13 ВЕЛИЧЕСТВЕНИ ПРИЛЕПЧАНИ

Прилеп уште еднаш докажа и потврдие дака има што да понуди – вредни, креативни, посветени, иновативни, посебни, одговорни и храбри луѓе, за кои вреди да се пишува и да се дел од новинарскиот бележник за нивните дела да останат во архивата на прилепската историја. По 7ми пат, Радио Пела (Радио...