Театарски белешки (8): Народен театар

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Деновиве  добивам коментари во врска со мојата претходна, седма театарска белешка, во која ги изнесов моите впечатоци за претставата „Рацин“ во изведба на ансамблот на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“. Голем дел од напишаните или изречените коментари се на иста линија со мојот изнесен став, неколку коментари беа целосно спротивни, а некои беа умерени и во позитивна и во негативна смисла.

Мојот изнесен став, беше повод Александар Еленин, модераторот на вчерашниот  разговор на тркалезната маса по повод „Рацин“ да ме покани на случувањето. Тоа пак беше мој дополнителен мотив да отидам, не сакајќи да зборувам таму бидејќи впечатокот веќе ми беше напишан. Сепак зборував.

Отсуството на драматургот Сашо Димоски и на режисерот Дејан Пројковски, значително го промени текот на разговорот со оглед на тоа што и модераторот Еленин имаше прашање кои требаше да бидат упатени кон нив, а исто така голем дел од излагачите кои се јавивме за збор, имавме насочени сугестии, критики и прашања токму кон двајцата.

Секако, тука беше дел од актерската екипа, која логично си ја бранеше претставата и интересите на својата театарска куќа, како и режисерските и драматуршките постапки што е нормално и е за поздрав. Велешкиот театар веројатно е еден од најпопуларните во државава бидејќи изминативе неколку годни доминираше со квалитет, со квалитетни актери и со успешни и наградувани претстави.

Уште од самиот почеток, актерот Јордан Витанов се зафати со воведната реченица на Еленин, кој рече дека впечатоците од претставата од луѓето со кои успеал да разговара се драстично различни, па така некои се воодушевени, а некои претставата ја сметаат за дегутантна. Значи, тоа не беше искажан став на модераторот, туку пренесени импресии. А актерот Витанов, тоа го доживеа толку суетно и лично, па неколку пати истакна дека тоа е некомпетентен исказ за почеток на дискусијата.

Истиот актер, откако кажав дека имав порив да ја напуштам претставата петнаесет минути по почетокот, ми рече дека требало да си заминам. Одговорив дека е некултурно  да си заминам и со излегувањето да ги деконцентрирам останатите гледачи, а од друга страна она што го пишувам и она што го зборувам не би било релевантно доколку не ја изгледав претставата од почеток до крај.

Пред моето излагање имав потреба да ги прашам актерите, дали им е важно мислењето на гледачите воопшто не само за оваа туку за која било претстава. Не случајно прашав, бидејќи впечатокот ми беше дека нашето мислење не им е важно. Иако одговорот беше потврдно образложен, сепак јас не го видов тоа. „На нож“ се земаше секој негативен коментар и впечаток, а тоа јас го преведов како: „јас си играм како што сакам, a ти ако имаш негативен став, значи дека не разбираш“. Друго што сфатив е дека, актерите не беа запознати со симболите во претставата бидејќи добивме упат да ги прашаме режисерот и драматургот. Сепак, претпоставувам дека кога режисерот ќе му каже на актерот да направи нешто на сцената, овој прашува зошто го прави тоа и што треба да покаже со тие реплики, движења и слично.

Драги актери, вие работите во народен театар. Во конкретнава претстава обработувате лик, особено важен за целиот народ на Македонија, Коста Солев Апостолов Рацин, загинат на денешен ден. Погледнете наназад и увидете дека актерите кои денес ги славиме како актерски величија беа актери кои му припаѓаа на народот, играа за него и беа дел од него. Такви беа и претставите. Такви биле и режисерите исите вклучени во создавањето на театарот. Да не се разбреме погрешно, не да му се удоволува на народот по секоја цена, туку да се биде близок до него. Да се биде со народот и да се расте заедно со него.

За ваквите експерименти, спектакли и перформанси како „Рацин“  кои ичигледно не се прифатени од поголем дел од публиката,  би требало да имате храброст и смелост да ги одиграте во независни продукции и да проверите колку пари би заработиле од продажбата на билети за вакви претстави, односно колку овие проекти би биле одржливи. Тие претстави веројатно се големи, сложени, за нас обичните граѓани, неразбирливи, но верувам дека можеби се потребни за изведба пред вашата фела, пред режисерите и пред мал круг луѓе кои на таков начин ги поимаат нештата. Можеби според таквите претстави,  фелата ја мери значајноста на режисерот и маестралноста на актерот.

Додека играте претстави во рамки на народните театри, народот од вас очекува народни и разбирливи театарски поставки. Тетарот е духовна храна за народот, а не поставка која треба да го фрустрира и доколку тој каже свој негативен став, вие да му вратите дека тој е глупав и недораснат да ве разбере. На крајот на краиштата, тој глупав, необразован и неупатен гледач е оној кој плаќа данок од кој вие добивате плата, па не е лошо да направите некое парче кое ќе го крене неговиот дух, ќе го поучи, ќе го образова, ќе го оплемени.

Доајените кои годинава добија награди за животно дело на 59 МТФ „Војдан Чернодрински“ истакнаа дека кога не би била публиката тие не би траеле толку долго. Што е актерот без публиката? Учете од нив! Ќе ви требаме и другпат,  да аплаудираме, да ви се восхитуваме, ние да ве храниме вас, а вие нас!

Пишува: Филип Димкоски

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Возач од Крушево управувал возило со 2,09 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајка

Полицијата го  лишен од слобода возач од Крушево кој управувал возило под дејство на алкохол, со 2,09 промили алкохол во крвта. При тоа возачот, во алкохолизирана состојба, предизвикал и  сообраќајна несреќа, со материјална штета. На 13.06.2025 во 17.15 часот, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода Н.К.(67) од...

(Видео) Бумбароски: Во изминатите три години општината вложи над 100 милиони денари во образованието

Гоце Бумбароски, советник по образование во Локалната Самоуправа – Прилеп денеска излезе со прес, реагирајќи на обвинувањата на ОО на СДСМ – Прилеп. Тој во своето излагање рече: „- изајви Бубароски на Прес конференцијата која се одржа пред општинската зграда на ЛС.

(ВИДЕО) Заврши 59 МТФ „Војдан Чернодрински“

Синоќа, со свечено доделување на наградите и со претставата „Вистината“ во изведба на НУ Театар Комедија од Скопје, заврши педесет и деветото издание на најзначајниот театарски фестивал во Македонија, „Војдан Чернодрински“. Да потсетиме, фестивалот започна на 6 јуни, беа изведени вкупно 14 претстави, од кои 9 беа во официјалната конкуренција....