Спиркоски: Ниту зголемените цени не ги извадија прилепските јавни претпријатија од кал

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

„Четири годишното владеење на локално ниво на ВМРО ДПМНЕ во општина Прилеп прерасна во кошмар. Ниту зголемените цени не ги извадија јавните претпријатија од кал – долговите достигнаа 1.5 милиони евра,“ посочи меѓу другото на прес конференција Марко Спиркоски од ОО на СДСМ Прилеп:
„На прилепчани им ветија пониски сметки за вода. Бесрамна лага која ја надоградија со зголемување на цената на водата. Енормно го зголемија данокот на имот. За цели 67 отсто поскапеа комуналните услуги, за 50 отсто градскиот превоз, зголемена е цената за паркинг.
Се’ што во Прилеп можеше да поскапи – поскапи. Но повисоките цени не донесоа подобрување на услугите, ниту пак консолидирање на финансиската состојба на претпријатијата. Напротив.
Сите четири јавни претпријатија се вброија во категоријата загубари, со вкупен долг од 1.5 милиони евра.
Она што е посебно карактеристично, е што за прв пат во своето постоење загуба прикажа и ЈКП „Водовод и канализација“. И тоа ни повеќе ни помалку, туку огромни 650 илјади евра!
Покажаните негативни финансиски резултати оставаат простор за сомнежи во криминал и незаконско работење на јавните претпријатија, особено на „Водовод и канализација“.
Од тие причини уште еднаш ги повикуваме надлежните институции, пред се’ Управата за финансиска полиција и Јавното обвинителство да реагираат по допрен глас и да го „прочешлаат“ финансиското работење на прилепските јавни комунални претпријатија.
Бидејќи неспособноста и јавашлукот на директорите на ДПМНЕ, не може и не смее од свој џеб да ја плаќаат граѓаните на општина Прилеп, рече Спиркоски од ОО на СДСМ Прилеп на денешната прес конференција.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Возач од Крушево управувал возило со 2,09 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајка

Полицијата го  лишен од слобода возач од Крушево кој управувал возило под дејство на алкохол, со 2,09 промили алкохол во крвта. При тоа возачот, во алкохолизирана состојба, предизвикал и  сообраќајна несреќа, со материјална штета. На 13.06.2025 во 17.15 часот, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода Н.К.(67) од...

(Видео) Бумбароски: Во изминатите три години општината вложи над 100 милиони денари во образованието

Гоце Бумбароски, советник по образование во Локалната Самоуправа – Прилеп денеска излезе со прес, реагирајќи на обвинувањата на ОО на СДСМ – Прилеп. Тој во своето излагање рече: „- изајви Бубароски на Прес конференцијата која се одржа пред општинската зграда на ЛС.

(ВИДЕО) Заврши 59 МТФ „Војдан Чернодрински“

Синоќа, со свечено доделување на наградите и со претставата „Вистината“ во изведба на НУ Театар Комедија од Скопје, заврши педесет и деветото издание на најзначајниот театарски фестивал во Македонија, „Војдан Чернодрински“. Да потсетиме, фестивалот започна на 6 јуни, беа изведени вкупно 14 претстави, од кои 9 беа во официјалната конкуренција....