Изложба „Уметност во простор“ од Катерина Деспот и Касиопеја Наумоска

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На 13 јуни 2025 г. / петок/ од 19.00 часот во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „Уметност во простор“ од уметниците Катерина Деспот и Касиопеја Наумоска.

„Апстрактната уметност не постои. Секогаш мора да започнеш од нешто. После можеш да ја отстраниш целата видливост, но не можеш целосно да се ослободиш од реалноста.“ — Пабло Пикасо

Во изложбата „Уметност во простор“, авторките Катарина Деспот и Касиопеја Наумоска ја обработуваат темата на интимноста преку специфичен визуелен пристап, кој произлегува од внимателно „грабнување со поглед“ на моменти од секојдневната реалност. Преку суптилна обработка на емоциите и нивната визуелна интерпретација, го изразуваат својот карактерен уметнички манир, обидувајќи се да ги доловат и сокриат истовремено.

Интимниот ефект е постигнат преку свесен фокус врз предметната стварност, со што се гради простор исполнет со колоритна носталгија, која од една страна потсетува на плакатната уметност, а од друга страна отвора длабоки лични и емотивни слоеви преку фрагментирани еротиконски форми. Овие елементи функционираат како движечки принципи при конструирањето на интимизираната слика, каде вниманието на гледачот постојано се задржува на горниот ракурс.

Фрагментираните композиции и нивната колажна поставеност внесуваат динамика, брзина и силна женска енергија. Секое визуелно парче содржи синестетско проживување на моментот, каде линијата се трансформира во емоција, а формата во сеќавање. Авторкаите со тоа го истражуваат односот кон блиското, домашното, непомирливото и посакуваното, градејќи колаж од когнитивни распознавања и сензитивни рефлексии.

Површинскиот пријатен пастелен колорит, заедно со изненадувачките контрастни линии и материјали, создава моќен апликативен потенцијал што овозможува делата ќе бидат применливи – секаде каде што е можно нивното визуелно интегрирање.

На крајот, изложбата отвора прашања за времето – неговата брзина, недостаток и неможноста за негово фаќање. Делата не нудат затворени одговори, туку постојат како уметничка недореченост, со асоцијативна отвореност што ја поканува публиката на лично „допишување“ и интерпретација. / Бранче Трајкоски

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Нови цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад соопшти дека од ноќеска на полноќ (5 август 2025 година) стапуваат во сила нови малопродажни цени на нафтените деривати. Цените на бензините се зголемуваат, додека дизелот и екстра лесното масло за домаќинство поевтинуваат. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се...

Објавен огласот за субвенции за струја за ранливите категории

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го објави јавниот оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за ранливи потрошувачи во 2025 година. Огласот е објавен согласно Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година, објавена со „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 154/25, со...

Вечер на унгарски танци и песни во Прилеп

На платото пред ЦК „Марко Цепенков“ на 8 август 2025, петок, од 19.30 часот ќе се одржи „Вечер на унгарски танци и песни“. Ќе настапат фолклорниот ансамбл Ризгетош и оркестарот Фокош. Концертот, кој е повеќегодишна традиција е дел од пограмата на Центарот од меѓународната соработка, а се реализира заедно со...