По повод Светскиот ден на крводарителството – Крстевски на средба со кочанските крводарители

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

По повод 14 јуни, Светскиот ден на крводарителството, в. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски се сретна со кочанските крводарители.

Претставниците на Општинската организација на Црвен крст – Кочани информираа дека на годишно ниво собираат над 1000 крвни единици и реализираат до  22 крводарителски акции.

Годинава крводарителот Ацо Ангелов бележи 135 дарувања крв, Тиме Златков  од Тркање – по стоти пат дарувал крв, а младата  Сара Бочварева – веќе 11 пати.

– Вие сте слика на хуманоста и како општество мора да научиме да ги вреднуваме  хуманите луѓе, посебно крводарителите бидејќи крвта не се произведува – истакна Крстевски, ветувајќи максимална поддршка од Општината и воведување општински мерки за крводарителите.

Во рамки на промоција на крводарителството ОО на Црвен крст – Кочани работи со млади, организира крводарителски акции со средношколците, полицијата и за приватниот сектор.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Патот до вашата испорака – „FLEX TRANS“

Нема маѓија, ама пратката исчезнува од кај што е, а се појавува токму таму каде што треба! Ти уживај, ние возиме! Брз, безбеден превоз со навремена достава. Флекс Транс – соработка со фирми, магацини, стоваришта, онлајн продавници и дистрибутивни центри низ Македонија и целиот регион. 078/602-112 Безбеден товар и точна испорака Не ветуваме чуда, ама

Бидете дел од компактниот тим! Вработуваме доктори по стоматологија…

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани. 

Се бара наместен стан за инајмување во Кочани

Се бара наместен стан за изнајмување во Кочани.Пожелно е станот да биде целосно опремен и подготвен за вселување.Локацијата не е строго определена, но предност има мирна населба со добра поврзаност. Контакт: 078/220 – 032