Kонцерт на „Трио џентлмен“ во Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп на 16 јуни, понедленик, во 20 целовечерен концерт ќе одржи „Трио џентлмен“. Под слоганот „Македонска рапсодија“ на концертот ќе бидат исполнети следните композиции: „Тајно моја“, „Кога те нема“, „Чукни во дрво“, „Штом се сака“, „Che sara“, „L’Italianovero“, „Mamma son tanto felice“, „O sole mio“, „Се посврши сербез Донка“, „Мајка на Марика думаше“, „Јовано Јованке“, „Не стој Доне, Донке“.

„Трио Џентлмен“ е составено од тројца професионални оперски пеjачи: Дејан Стоев-тенор, Кристијан Антовски-баритон и Јане Дунимаглоски-тенор.

По урнекот на светските поп-класични состави се трудат тој жанр на пеење за прв пат да го презентираат и на нашите простори. На нивниот репертоар освен класичните композиции се наоѓаат и најголемите светски поп хитови изведени во поп-класичен манир, наполитански канцони, шпански песни, руски романси и секако македонското творештво. За ова кратко време колку што постојат (9 години) имаат настапувано низ цела Македонија и надвор од нејзините граници (со свои целовечерни концерт како и дел од големи манифестации и музички фестивали во Македонија и странство.) Нивните настапи се познати по тоа што секогаш нудат нешто ново нешто не видено на нашите простори.Различни ги прави тоа што прават спој на операта, оперското пеење со различни жанрови како поп, латино, џез, рок композиции и сето тоа во еден нов и специфичен звук, тризвук интрепетиран од тројца оперски пејачи.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Кривични пријави за недозволено поседување оружје и пиротехника

-ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против 51-годишната Д.Г. од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 15.04.2025, полициски службеници извршиле претрес во викенд куќа во прилепско, која ја користела пријавената, при што биле пронајдени и одземени...

Јавен повик на Општина Прилеп за членови на Локалното собрание на млади

Општина Прилеп објави јавен повик за предлагање на кандидати за членови на Локалното собрание на млади, со цел активно вклучување на младите во локалните политики и донесување одлуки што го засегаат животот на младинската популација. Повикот е распишан врз основа на одредби од Статутот на Општина Прилеп и Законот за младинско...

РАДИО ПЕЛА ЗАКИТИ СО ПРИЗНАНИЈА 13 ВЕЛИЧЕСТВЕНИ ПРИЛЕПЧАНИ

Прилеп уште еднаш докажа и потврдие дака има што да понуди – вредни, креативни, посветени, иновативни, посебни, одговорни и храбри луѓе, за кои вреди да се пишува и да се дел од новинарскиот бележник за нивните дела да останат во архивата на прилепската историја. По 7ми пат, Радио Пела (Радио...