Нова тура апсења во Кочани за „Пулс“, над десет полицајци се приведени

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Над десет полициски службеници од Кочани и Штип, добиваат статус на осомничени во предметот за пожарот во „Пулс“. Според информации на „Скопје1“ имало повеќе апсења, а меѓу нив се и ексначалници, кои ја имале оваа функција кобната вечер. Истрагата за пропустите на полицијата на води Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Полицајците ќе бидат спроведени на распит.

Овие апсења се нова „тура“. Претходно, МВР за „Скопје1“ извести дека поднеле три кривични пријави за различни временски периоди.

„Првата кривична пријава се однесува во временски период од 2022 до 2024 година вкупно против седум лица, од кој пет се активни полициски службеници и двајца се пензионери. Втората кривична пријава се однесува  во временски  период од 2012 до 2022 година вкупно против 10 лица од кои (двајца службени лица се повторуваат) четворица се активни полициски службеници и шест се пензионери. Третата кривична пријава се однесува во временски  период од 2023 до 2024 година вкупно против тројца полициски службеници од кој еден полициски службеник се повторува“, рекоа од МВР.

Детали за апсењата засега не се споделува од институциите.

Извор: Скопје1

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Патот до вашата испорака – „FLEX TRANS“

Нема маѓија, ама пратката исчезнува од кај што е, а се појавува токму таму каде што треба! Ти уживај, ние возиме! Брз, безбеден превоз со навремена достава. Флекс Транс – соработка со фирми, магацини, стоваришта, онлајн продавници и дистрибутивни центри низ Македонија и целиот регион. 078/602-112 Безбеден товар и точна испорака Не ветуваме чуда, ама

Бидете дел од компактниот тим! Вработуваме доктори по стоматологија…

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани. 

Се бара наместен стан за инајмување во Кочани

Се бара наместен стан за изнајмување во Кочани.Пожелно е станот да биде целосно опремен и подготвен за вселување.Локацијата не е строго определена, но предност има мирна населба со добра поврзаност. Контакт: 078/220 – 032