„Амфенол“ и „Еко оил“ обезбедија донација за изградба на патот за поврзување на месноста Цацков Бунар со постоечкиот алтернативен пат Кочани – Тркање

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Со договорот што неодамна го потпишаа Општина Кочани, „Амфенол технолоџи Македонија“ и „Еко оил“ се очекува наскоро да започне постапката за изградба на пат за поврзување на месноста Цацков Бунар со постоечкиот алтернативен пат Кочани – Тркање.

Со договорот за соработка, донација и кофинансирање на Општината, кој се однесува на подобрување на патната инфраструктура, компанијата „Амфенол технолоџи Македонија“ обезбедува донација за асфалтирање на патот за поврзување на месноста Цацков Бунар со постоечкиот алтернативен пат Кочани – Тркање. Компанијата „Еко оил“ ја донира изработката на проектната документација за патот, а Општина Кочани ќе учествува во експропријацијата, како и во пробивањето и тампонирањето на патот.

– Упатувам огромна благодарност до „Амфенол технолоџи Македонија“, компанија која уште еднаш ја потврди својата општествена одговорност со донација за асфалтирање на патот за поврзување на месноста Цацков Бунар со постоечкиот алтернативен пат Кочани – Тркање, со што драстично ќе се подобри патната инфраструктура, а со тоа и безбедноста во сообраќајот во Тркање и неговата околина. Исто така ѝ благодарам и на компанијата „Еко оил“, којашто со донацијата овозможува изработка на проектната документација. На овој начин покажуваме дека умееме брзо и ефикасно да одговориме на потребите на граѓаните и да ги подобриме условите за живот – истакна вршителот на должноста градоначалник на Општина Кочани Венко Крстевски.

Наскоро, пред Советот на Општина Кочани ќе се најде точка за пренамена на средства во Буџетот за целосна реконструкција и на улицата „Мите Стојчев“ во селото Тркање, со што во наредните месеци ќе биде решен децениски проблем за жителите од селото Тркање.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Вози сигурно, избери „D Мото“ – Кочани !

Д Мото – Кочани, вистинското место за секој моторџија! Голем избор на делови за мотоцикли, квалитетни акумулатори, издржливи пневматици, модерни кациги и врвна мото козметика – сè на едно место. Сигурност, квалитет и перформанси за вашето возење – секој ден. Локација: под големиот паркинг кај ГТЦ Кочани. Контакт: 071 208 849. Д Мото – за

Четири наставнички од училишниот младински клуб „Драгана Минова“ од ОУ „Раде Кратовче“ успешно го завршија учеството во Еразмус + проекти

Четири наставнички од училишниот младински клуб „Драгана Минова“ од ОУ „Раде Кратовче“ успешно го завршија учеството во два Еразмус + проекти што се одржаа во Смолјан, Бугарија. Во рамки на проектите, тие учествуваа во обуки и работилници посветени на ментално здравје при што стекна нови знаење и искуства. За својот ангажман добија сертификати, а од

За борачот Ангелов – спртската стипендија од Општината

Борачот Филип Ангелов, член на БК „Спартак“ од Кочани е стипендист на Општина Кочани за спортските резултати што ги постигнаа во борењето минатата година. Ангелов, кој е активен спортист во борењето пет години и е носител на повеќе високи награди на домашно и на меѓународно ниво во 2025 година, е единствениот кандидат што во целост