ЗАПОЧНУВА ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА СУБВЕНЦИИ: До 31 јули отворено е e-барање за поднесување за 2025 година

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува земјоделските стопанства дека е отворен електронскиот систем за поднесување на барања за директни плаќања во земјоделството.

Краен рок за поднесување на барањата е 31. 07. 2025 година.

Во овој период се поднесуваат барања за:

– растително производство по обработлива земјоделска површина со поледелски и градинарски култури, за одржување на постоечки површини со овошни и лозови насади како и површина за производство на сертифициран семенски и саден материјал,

– сточарско производство за обележани грла говеда, овци и кози, за маторици, презимени пчелни семејства како и за заклани говеда во кланица,

– органско земјоделско производство.

Барањата се поднесуваат во електронскиот систем на Агенцијата од страна на земјоделското стопанство, а доколку имаат потреба од помош земјоделците можат да се обратат во подрачните единици на МЗШВ.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Театарски белешки (8): Народен театар

Деновиве  добивам коментари во врска со мојата претходна, седма театарска белешка, во која ги изнесов моите впечатоци за претставата „Рацин“ во изведба на ансамблот на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“. Голем дел од напишаните или изречените коментари се на иста линија со мојот изнесен став, неколку коментари беа целосно...

Изложба „Уметност во простор“ од Катерина Деспот и Касиопеја Наумоска

На 13 јуни 2025 г. / петок/ од 19.00 часот во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „Уметност во простор“ од уметниците Катерина Деспот и Касиопеја Наумоска. „Апстрактната уметност не постои. Секогаш мора да започнеш од нешто. После можеш да ја отстраниш целата видливост, но не...

Спиркоски: Ниту зголемените цени не ги извадија прилепските јавни претпријатија од кал

„Четири годишното владеење на локално ниво на ВМРО ДПМНЕ во општина Прилеп прерасна во кошмар. Ниту зголемените цени не ги извадија јавните претпријатија од кал – долговите достигнаа 1.5 милиони евра,“ посочи меѓу другото на прес конференција Марко Спиркоски од ОО на СДСМ Прилеп: „На прилепчани им ветија пониски сметки...