Teaтарски белешки(6): Кутриот македонски театарски јазик

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Меѓу другото, театарот и актерите имаат улога да го промовираат македонскиот стандарден јазик. Особено кога сте народен театар и работата ја плаќа државата, вие освен да ја промовирате театарската уметност, имате и задача да го промовирате македонскиот јазик, бидејќи добивате плата од македонска државна институција.

Доајенката на македонското глумиште, Снежана Коневска Руси, која годинава е една од добитничките на наградата за животно дело на МТФ „Војдан Чернодрински“, во изјавата за Радио Пела рече дека токму  медиумите и официјалните претставници на државата не го користат македонскиот стандарден јазик.

Јас израснав со Блаже Конески, Благоја Корубин, Илија Милчин кои што ми порачаа да го чувам својот јазик и да го пренесувам на идните генерации. Можеби им сум здодевна кога им укажувам на моите колеги, дека ова е вака, а не е така, но тоа е една од моите мисии. Ми се превртуваат цревата кога на телевизија ќе слушнам „двестотини“ и „тристотини“-вели Снежана Коневска Руси.

На 3 април 1945 година одиграна е првата претстава на Македонскиот народен театар, насловена „Платон кречет“ од советскиот автор Александар Корнејчук. Преводот од руски го направил Блаже Конески, кој работел како лектор во театарот. Претставата била во режија на Димитар Ќостаров.

Многу јасно-македонски театар, македонски литературен јазик. Секако, доколку претставата го бара тоа може да се користи и сленг и жаргон или да се зборува на некој од македонските дијалекти заради автентичноста во изразот.

Но, актерите и сите уметници на зборот, се должни преку правилна употреба постојано да го шират гласот за својот јазик на сцената но и вон неа. 80 години по 1945, кога одбележуваме 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик, исто така МНТ го има режисерот на претставата „12“ кој ни најмалку не посвети внимание на својот правоговор за време на разговорот на тркалезната маса.

Натаму  во  претставите кои досега ги изгледав во рамки на МТФ „Војдан Чернодрински“, но и во програмата која опфаќа и разговори на тркалезна маса и т.н. речиси да не слушнав македонски стандарден јазик. (тука мора да се пофалат беспрекорните писмеост, правоговор и култура на зборување на директорката на Фестивалот, Ана Стојаноска). На пример, во „Парови“ на Драмски театар не беше употребена ни една акцентска целост. Во однос на јазикот не беа многу  подобри ни актерите од НУЦК „Ацо Шопов“ од Штип.

Води ли некој сметка и има ли некој грижа и одговорност за мајчиниот македонски јазик? Свесни сте ли колкаво е вашето влијание како актери, како театарски куќи, како лица кои се појавуваат и на сцената и во медиумите?

Јас сум генерација што растеше со театарските претстави за деца во „Војдан Черднодрински“ во кои играа Димитар Вандески и Благоја Ивчески. Ивчески покрај актерството, со децении водеше беспрекорна грижа за чистотата на јазикот и објавуваше рубрика „Јазичен агол“ во неделниот весник „Зенит“ во Прилеп. Јас сум генерација која израсна токму со Снежана Коневска Руси, со Шенка Колозова, Милица Стојанова, Звезда Ангеловска, Васил Шишков, Игор Маџиров, Ѓорѓи Колозов,   со „Бушава азбука“, „Во светот на бајките“, „Светот има осум страни“, „Умни глави“, „Саки од Саканија“… Покрај  во училиште и од екраните и од сцената го учевме македонскиот јазик. Од каде да учат македонски стандарден јазик денешните деца!? Драги актери, со чест на исклучоците, од вас сигурно НЕ, а од телевизија пак со чест на исклучоците, уште помалку!

Кој ве учи македонски јазик на факултет? Кој ви рече дека така се користи македонскиот јазик? Кој ви рече дека сето ова извитоперување е симпатично, фраерски и забавно!? Да ви кажам, воопшто не е.  Грозно е, тажно и болно.

Каде исчезна нашиот прекрасен певлив, милозвучен и строг македонски јазик?

Кепески, Конески, Милчин, Корубин…не можат да ви го простат ова. Особено затоа што сите се од Прилеп!

 

Пишува: Филип Димкоски

Фото: Министерство за култура и туризам

 

 

 

 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Европа гори под топлотниот бран

Жесток топлотен бран го зафати јужна Европа, со неверојатни температури кои достигнаа максимум од 46,6°Ц во Шпанија и го ставија речиси целиот континентален ,дел на Франција во состојба на тревога. Париз (38Ц) е во највисока, црвена тревога, а врвот на Ајфеловата кула е затворен за туристи како превентивна мерка. Во...

Ново музичко задоволство од летните горештини- концерт на женскиот камерен хор „Керамија“

На 4 јули 2025 /петок/ од 19.30 часот на летната сцена од ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи концерт на женскиот камерен хор „Керамија“. Гости на концертот се КУД „Стив Наумов“ од Битола и Градскиот камерен хор „Астибо“ од Штип. Женски Камерен хор „ Керамија “’ ќе настапри со 1.Ave...

Oтворена изложба „Живи артефакти(ар)тистика“ од уметникот Филип Јовески

На 4 јули 2025 /петок/ од 20.00 часот во Ликвоната галерија ќе биде отворена изложбата „Живи артефакти(ар)тистика“ од уметникот Филип Јовески. После успешното претставување во Културно-информативниот центар на Министерството за култура и туризам во Белград, Србија, прилепскиот мултимедијален трансдисциплинарен визуелен уметник М-р Филип Јовески, својата 12 – та самостојната изложбата...