„Support Kocani“ ја исплати фактурата за првата тура компресивна облека – донациите собраа над 923 илјади денари

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Граѓанската иницијатива Support Kocani успеа да ја исплати фактурата за набавка на првата тура компресивна облека наменета за повредените од трагичниот настан во
Кочани, во вредност од 923.458 денари.

Средствата за набавката биле целосно обезбедени преку донации од граѓани, компании и поддржувачи од земјата и странство.
Како што информираат од иницијативата, компресивната облека е нарачана и се очекува да пристигне во Кочани околу 16 јуни.

Дополнително, веќе се обезбедени средства и за втора тура на облека, а на 16 и 17 јуни повторно ќе пристигнат експерти од Бугарија кои ќе започнат со земање индивидуални мерки за новата нарачка.Особена благодарност од Support Kocani беше упатена до компаниите Julius Zorn GmbH и Health 2000, кои одобриле попуст во вредност од 19.600 лева, со што
значително се олеснило обезбедувањето на неопходната медицинска помош за поголем број повредени.

„Иако некои процеси бараат време, ова е доказ дека кога има волја – има и начин. Ви
благодариме на сите вас – граѓани, пријатели и непознати хумани срца – што
покажавте што значи вистинска солидарност“, се наведува во соопштението на
иницијативата.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Спортската сала при ООУ „Никола Карев“ – Кочани ќе го носи името „Кочанските Ангели“ во чест на трагично загинатите млади

Училишниот одбор на ООУ „Никола Карев“ – Кочани на својата последна седница донесе одлука спортската сала при училиштето да го добие името „Кочанските Ангели“. Овој симболичен чекор е направен во трајно сеќавање и чест на младите животи што прерано згаснаа во трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“. Со оваа иницијатива, училиштето изразува длабока почит,

По повод Светскиот ден на крводарителството – Крстевски на средба со кочанските крводарители

По повод 14 јуни, Светскиот ден на крводарителството, в. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски се сретна со кочанските крводарители. Претставниците на Општинската организација на Црвен крст – Кочани информираа дека на годишно ниво собираат над 1000 крвни единици и реализираат до  22 крводарителски акции. Годинава крводарителот Ацо Ангелов бележи 135 дарувања крв, Тиме

Обвинителството бара мерки за 13те полицајци осомничени за трагедијата во „Пулс“

Обвинителството бара определување мерки за обезбедување присуство за 13 полицајци од Штип и Кочани, кои се сомничат дека сториле тешки дела против општата сигурност поврзани со трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Како што информираше обвинителот Љупчо Коцевски, полицајците се гонат бидејќи за време на акциската контрола на 16 март 2025 година, не ја