„Support Kocani“ ја исплати фактурата за првата тура компресивна облека – донациите собраа над 923 илјади денари

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Граѓанската иницијатива Support Kocani успеа да ја исплати фактурата за набавка на
првата тура компресивна облека наменета за повредените од трагичниот настан во
Кочани, во вредност од 923.458 денари. Средствата за набавката биле целосно
обезбедени преку донации од граѓани, компании и поддржувачи од земјата и
странство.
Како што информираат од иницијативата, компресивната облека е нарачана и се
очекува да пристигне во Кочани околу 16 јуни. Дополнително, веќе се обезбедени
средства и за втора тура на облека, а на 16 и 17 јуни повторно ќе пристигнат експерти
од Бугарија кои ќе започнат со земање индивидуални мерки за новата нарачка.
Особена благодарност од Support Kocani беше упатена до компаниите Julius Zorn
GmbH и Health 2000, кои одобриле попуст во вредност од 19.600 лева, со што
значително се олеснило обезбедувањето на неопходната медицинска помош за
поголем број повредени.
„Иако некои процеси бараат време, ова е доказ дека кога има волја – има и начин. Ви
благодариме на сите вас – граѓани, пријатели и непознати хумани срца – што
покажавте што значи вистинска солидарност“, се наведува во соопштението на
иницијативата.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Туран“ излета од патот кај Уларци, тешко повредено малолетно девојче

На 21.01.2026 во 20:30 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистрален пат кај место викано „Двојни кривини“ во атар на с.Уларци, патничко возило „фолксваген туран“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Н.С.(41) од Кочани, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 16-годишната сопатничка од с.Спанчево, додека со телесни повреди

Патот до вашата испорака – „FLEX TRANS“

Нема маѓија, ама пратката исчезнува од кај што е, а се појавува токму таму каде што треба! Ти уживај, ние возиме! Брз, безбеден превоз со навремена достава. Флекс Транс – соработка со фирми, магацини, стоваришта, онлајн продавници и дистрибутивни центри низ Македонија и целиот регион. 078/602-112 Безбеден товар и точна испорака Не ветуваме чуда, ама