Teатарски белешки (4): „Нека помини сектава“

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во рамки на 59 издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ по завршувањето на претставата „Сите прекрасни нешта“ на НУЦК „Ацо Шопов“ од Штип, следеше програмата насловена „Музеј во движење“ со поставки на видео  материјали и фотографски записи посветени на тројцата автори во фокус за ова издание и тоа Благоја Спиркоски Џумерко, Благоја Ристески Платнар и Кирил Ристоски. Три стаменити имиња важни како за прилепската, така и за македонската театарска ризница.

Настанот беше замислен и реалзиран како едукативна прошетка низ повеќе локали во Прилеп, кои се пријатели и поддржувачи на фестивалот…Па така, настанот започна пред Граскиот саат, па продолжи низ кафулињата Бро’с, Аура, Троторар, Лувр и заврши во фоајето на НУЦК „Марко Цепенков“ каде се постаени експонати на Платнар, а поставена е и се уште актуелната изложба дигитализирани фотографии по повод 75 години од постоењето на тетарот „Војдан Черндорински“, проект чиј автор е м-р Каролина Мицевска.  Поголем дел од присутните пред Саатот, тргнаа низ другите наведените локали каде низ изложени, слики, фотографии, предмети и видео материјали голем дел во сосптвеност на семејствата на уметниците кои беа во фокусот, се раскажуваше приказната за тројцата големи театарски имиња…Ова е еден поинаков, интерактивен и современ модел на прикажување на историјата кој е попривлечен и поинтересен заради динамичноста и одбегнувањето на класичното музејско објаснување или водење од страна на кустос кое некогаш за жал станува здодевно.

И додека така поминувавме како група низ едно од кафулињата, на една маса седеа тројца мажи кои гледаа  некој спортски натпревар и пиеја пиво. Изгледа му попречи нашето минување па едниот од екипата им се обрати на другарите: „Ај нека помини ова сектава“. Ми звучеше многу смешно, но не и навредливо. Си велам, колку убава секта, што шета и прераскажува една приказна за силната културна историја на Прилеп и која одејќи, разговарајќи на сите од градот им вели: „дојдете, тргнете по нас, да си го запознаете сопствениот град преку културните дејци и да си го засакате повеќе“.

Ваквиот модел првпат го видов пред неколку години во Нови Сад, соседна Србија. По повод Денот на жената беше органзирана тура низ градот, каде кустос не’ водеше низ градските улици и од куќа до куќа во која живееле важни жени за Нови Сад, за Србија, за Европа и за светот. Прошетката заврши со „куглоф“ и со „бермет“ во еден локал и со подарок фотографии за спомен од настанот.

Ова го раскажав за да потенцирам дека ваквиот начин освен за време на МТФ може да биде инспирација и за други органзиации, институции и здруженија од градов кои би можеле гражаните на ваков начин да ги запознаат со мноштвото значајни работи за нашиов Прилеп. А Прилеп навистина има многу убавини, многу значајни личности, многу нераскажани приказни кои чекаат да бидат реактуелизирани, прераскажани, пренесени…за да инспирираат нови луѓе за нови дела!

 

Пишува: Филип Димкоски

Фото: MТФ „Војдан Чернодрински“

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Нови цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад соопшти дека од ноќеска на полноќ (5 август 2025 година) стапуваат во сила нови малопродажни цени на нафтените деривати. Цените на бензините се зголемуваат, додека дизелот и екстра лесното масло за домаќинство поевтинуваат. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се...

Објавен огласот за субвенции за струја за ранливите категории

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го објави јавниот оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за ранливи потрошувачи во 2025 година. Огласот е објавен согласно Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година, објавена со „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 154/25, со...

Вечер на унгарски танци и песни во Прилеп

На платото пред ЦК „Марко Цепенков“ на 8 август 2025, петок, од 19.30 часот ќе се одржи „Вечер на унгарски танци и песни“. Ќе настапат фолклорниот ансамбл Ризгетош и оркестарот Фокош. Концертот, кој е повеќегодишна традиција е дел од пограмата на Центарот од меѓународната соработка, а се реализира заедно со...