Македонија беше дел од 77-от  Конгрес на Европската боксерска унија во Сараево(ФОТО)

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Македонија беше дел од 77-от  Конгрес на Европската боксерска унија во Сараево Во периодот од 6 до 8 јуни, во хотелот Hills Ilidža во Сараево, успешно се одржа 77-от  годишен конгрес на Европската боксерска унија (EBU) — настан што ја обедини европската професионална боксерска сцена. Организатор на Конгресот беше Сојузот за поддршка на професионалниот бокс на БиХ, предводен од претседателот Заим Нумановиќ.

Благодарение на извонредната организација и традиционалното балканско гостопримство, Конгресот беше реализиран на високо ниво. На настанот учествуваа 102 делегати од 42 земји, меѓу кои и Македонија, претставена преку Про Бокс Македонија со двајца свои претставници, Весна Чатлеска и Дарко Чатлески. Клучни теми и одлуки: Безбедноста на боксерите Усвоена е иницијатива за воведување на унифицирани медицински прегледи за сите професионални боксери во Европа, со цел да се зголеми здравствената заштита и да се уедначат стандардите.

Борба против пиратските асоцијации: Конгресот ја отвори важната тема за растечката појава на пиратски асоцијации и нерегуларни промотери. Договорено е заедничко делување за нивно идентификување и информирање на боксерите со цел да се спречи нивното учество на небезбедни настани. Развој и организација на натпревари: Споделени се најдобри практики за организирање на спектакуларни боксерски настани, со почитување на високите стандарди на професионалност и фер судење. Нови членки на EBU: На Конгресот беа примени две нови полноправни членки Албанија и Литванија ,со едногласна поддршка од страна делегатите на EBU. Додека Словенија доби статус на привремена членка на Европската боксерска унија.

Одлука за следниот Конгрес: Со едногласна поддршка, делегатите одлучија 78. Конгрес на Европската боксерска унија да се одржи во Тирана, Албанија во 2026 година. На Конгресот беа доделени и најпрестижните годишни награди на EBU: Шампионат на годината: Weiss vs Molina Шампион нагодината: Sam Noakes.

Женски шампион на годината : Tania Alvarez Промотер на годината: Queensberry Promotions Македонски придонес: Македонската делегација од Про Бокс Македонија активно учествуваше во сите дискусии. „Наш приоритет е безбедноста на боксерите и високото ниво на професионализам во натпреварите. Целосно ги поддржуваме иницијативите за унифицирани медицински прегледи и борба против пиратските асоцијации. Чест ни е што сме дел од овој заеднички европски процес“, изјавија од македонската делегација. Конгресот во Сараево ја покажа јасната решеност на европската боксерска заедница за создавање на побезбедна, попрофесионална и пофер боксерска сцена. Македонија, преку активното учество на Про Бокс Македонија, продолжува да дава свој придонес во оваа заедничка визија

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Кривични пријави за недозволено поседување оружје и пиротехника

-ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против 51-годишната Д.Г. од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 15.04.2025, полициски службеници извршиле претрес во викенд куќа во прилепско, која ја користела пријавената, при што биле пронајдени и одземени...

Јавен повик на Општина Прилеп за членови на Локалното собрание на млади

Општина Прилеп објави јавен повик за предлагање на кандидати за членови на Локалното собрание на млади, со цел активно вклучување на младите во локалните политики и донесување одлуки што го засегаат животот на младинската популација. Повикот е распишан врз основа на одредби од Статутот на Општина Прилеп и Законот за младинско...

РАДИО ПЕЛА ЗАКИТИ СО ПРИЗНАНИЈА 13 ВЕЛИЧЕСТВЕНИ ПРИЛЕПЧАНИ

Прилеп уште еднаш докажа и потврдие дака има што да понуди – вредни, креативни, посветени, иновативни, посебни, одговорни и храбри луѓе, за кои вреди да се пишува и да се дел од новинарскиот бележник за нивните дела да останат во архивата на прилепската историја. По 7ми пат, Радио Пела (Радио...