Рудник САСА го одбележа Светскиот ден на животната средина со заеднички активности со заедницата

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

По повод Светскиот ден на животната средина, кој годинава е посветен на справувањето со загадувањето од пластика, Рудник САСА реализираше три значајни активности за унапредување на еколошката свест и поттикнување на заедничка акција.

Во оваа прилика, Рудник САСА донираше автоматска повратна вендинг машина за рециклирање – прва од ваков тип во општина Македонска Каменица – која ќе им овозможи на граѓаните на едноставен начин да придонесат кон почиста и поодржлива животна средина.

За да се одбележи нејзиното поставување, беа организирани и едукативни активности со млади од локалната заедница, насочени кон подигнување на свеста за значењето на рециклирањето и одржливиот развој.

Рециклирање пластика на лесен начин

Иновативната повратна вендинг машина поставена на фреквентна локација во центарот на градот им овозможува на жителите и посетителите на Македонска Каменица, да депонираат искористени пластични шишиња, кои потоа се преработуваат и испраќаат на рециклажа. Воедно, со секое депонирано шише се добиваат „зелени поени“ кои носат придобивки и попусти при купување на различни производи и услуги. Овој концепт има за цел да го поттикне одговорното однесување и да придонесе за намалување на пластичниот отпад во урбаните средини.

„Денешната донација е дел од пошироката заложба на Рудник САСА за заштита на животната средина и зајакнување на локалната еколошката свест. Вендинг машината не е само уред, туку алатка за промени која овозможува подигнување на свеста и конкретна акција за намалување на пластичниот отпад, еден од најголемите еколошки ризици во светот денес. Преку вакви и други активности што ги реализираме континуирано, сакаме да испратиме силна порака за потребата од заедничко дејствување кон поодржлива иднина“, изјави Ивица Талевски, директор за одржливост на Рудник САСА.

Градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски, изрази благодарност за донацијата, истакнувајќи дека партнерството со Рудник САСА е пример за успешна соработка меѓу институциите и бизнисите во остварување долгорочни придобивки за заедницата. „Оваа донација не само што ќе придонесе за почиста животна средина, туку ќе помогне и во градењето навики за одговорно постапување со пластичниот отпад. Ја охрабруваме заедницата активно да ја користи вендинг машината и да се приклучи кон напорите за намалување на отпадот. Убеден сум дека оваа иницијатива ќе инспирира и други општини и компании да инвестираат во зелени решенија“, изјави градоначалникот Атанасовски.

 

Еко-базар: Претворање на отпадот во ресурс

Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на животната средина, Рудник САСА, заедно со општинското основно училиште „Св. Кирил и Методиј“, организираше Еко-базар под мотото „Реупотребуваме, природата ја чуваме“. На штандовите поставени во дворот на училиштето, ученици, деца од градинката и корисници од Дневниот центар за лица со посебни потреби изложија креативни предмети од рециклирани материјали кои ги изработија заедно со тимот за заштита на животната средина од Рудник САСА. Целта на оваа активност беше да се поттикне младинската иницијатива и да се покаже како отпадот може да стане ресурс, преку иновација, уметност и одговорен однос кон животната средина. Средствата од продажбата на изложените предмети ќе бидат донирани за потребите на Дневниот центар за лица со посебни потреби во Македонска Каменица.

 

Гласот на младите за природата

Во пресрет на Светскиот ден на животната средина, Рудник САСА организираше и Младински отворен форум на кој учествуваа млади вработени во САСА, студенти од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и корисници од Дневниот центар за лица со посебни потреби. Форумот претставуваше платформа за дијалог, размена на идеи и предлагање на конкретни акции кои младите можат да ги преземат за заштита на животната средина.

Преку овие активности, Рудник САСА уште еднаш потврди дека грижата за животната средина не е само обврска, туку долгорочна определба за зајакнување на заедницата, соработка и заштита на планетата за идните генерации.

 

 

Македонска Каменица, 5 јуни 2025 година

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Скопјанец нашмркан возел во Кочани – полицајците кај него пронашле кокаин

Скопјанец доби кривична пријава затоа што минатиот викенд во Кочани возел под дејство на дрога, а кај него бил пронајден кокаин. Како што се наведува во полицискиот билтен, ОВР Кочани поднело кривична пријава против М.Е.Ј.(40) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,

ДПД Кочани стана дел од државните ресурси за справување со пожари…

ДПД Кочани стана дел од државните ресурси за справување со пожари Од 21 јануари 2026 година, Доброволното противпожарно друштво (ДПД) Кочани официјално е вклучено во Тимот за брз одговор (ТБО) за пожари на отворено, кој функционира во рамки на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Со потпишувањето на договорот, 16 обучени членови на ДПД Кочани

„Туран“ излета од патот кај Уларци, тешко повредено малолетно девојче

На 21.01.2026 во 20:30 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистрален пат кај место викано „Двојни кривини“ во атар на с.Уларци, патничко возило „фолксваген туран“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Н.С.(41) од Кочани, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 16-годишната сопатничка од с.Спанчево, додека со телесни повреди