Петиција за спас на најзагрозената пеперутка во Европа: Македонската сивка која живее само на Плетвар

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Институтот за комуникациски студии (ИКС) покренува петиција за вклучување на македонската сивка (Pseudochazara cingovskii) во Анекс 1 на Конвенцијата CITES, за да се спречи нејзино исчезнување поради нелегална меѓународна трговија.

Овој критично загрозен и ендемски вид пеперутка живее само во варовничките предели кај превојот Плетвар. Со хабитат помал од 10 km², таа е изложена на висок ризик од исчезнување, особено поттикнато од побарувачката од колекционери на инсекти.

ИКС и германската организација Pro Wildlife упатија писмо до македонските институции, со барање Македонија формално да поднесе предлог до CITES најдоцна до 27 јуни, пред Конференцијата на страните (CoP20), што ќе се одржи во Самарканд од 25 ноември до 5 декември 2025.

Вклучувањето на овој вид во Анекс 1 на Конвенцијата CITES ќе овозможи:

Забрана за меѓународна трговија
Поддршка за национални и гранични контроли
Подигнување на свеста за заштита на видот на глобално ниво

Секој може да ја поддржи ја иницијативата со потпишување на петицијата: CHANGE.ORG

Предлогот произлегува од истражувачка сторија на ИКС, која прва ги обелодени случаите на криволов и трговија со овој уникатен вид. Погледнете го истражувањето:

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Кривични пријави за недозволено поседување оружје и пиротехника

-ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против 51-годишната Д.Г. од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 15.04.2025, полициски службеници извршиле претрес во викенд куќа во прилепско, која ја користела пријавената, при што биле пронајдени и одземени...

Јавен повик на Општина Прилеп за членови на Локалното собрание на млади

Општина Прилеп објави јавен повик за предлагање на кандидати за членови на Локалното собрание на млади, со цел активно вклучување на младите во локалните политики и донесување одлуки што го засегаат животот на младинската популација. Повикот е распишан врз основа на одредби од Статутот на Општина Прилеп и Законот за младинско...

РАДИО ПЕЛА ЗАКИТИ СО ПРИЗНАНИЈА 13 ВЕЛИЧЕСТВЕНИ ПРИЛЕПЧАНИ

Прилеп уште еднаш докажа и потврдие дака има што да понуди – вредни, креативни, посветени, иновативни, посебни, одговорни и храбри луѓе, за кои вреди да се пишува и да се дел од новинарскиот бележник за нивните дела да останат во архивата на прилепската историја. По 7ми пат, Радио Пела (Радио...