„Ракотворница“ – работилница за оживување на вештината за ткаење на разбој

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Општина Кочани објави јавен повик за реализација на активноста „Ракотворница“, со која повикува работоспособни жителки на Кочани, да се пријават за стекнување вештина  за ткаење на разбој.

Со повикот се опфатени и заинтересираните жени од Кочани коишто поседуваат вештини за ткаење, за пренесување на вештината на други лица, како и жители коишто поседуваат разбој, за изнајмување на направата за ткаење.

Во активноста што се планира да се одржи во текот на јуни во „Етнокуќата“ во Кочани, се вклучуваат и физички и правни лица од Кочани коишто можат да понудат отпад од текстил за потребите на активноста „Ракотворница“.

Целта на „Ракотворница“ е да се афирмираат стекнувањето вештина за ткаење и традиционалните направи за ракотворење, да се даде придонес во циркуларната економија, односно, во овој случај, текстилниот отпад да стане суровина за нови производи. Исто така целта е Општина Кочани да придонесе за економско јакнење на жените и да се креира поволен деловен амбиент за развој на женското претприемништво.

Повикот е објавен на веб-страницата на Општина Кочани, а рокот за пријавување на заинтересираните субјекти е до 10 јуни 2025 година, електронски, на адресата opstina.kocani@gmail.com или лично на Едношалтерската канцеларија, со пополнување пријава за учество. Изборот на учесниците ќе биде според принципот „прв пријавен – прв вклучен“.

Активноста е планирана со Локалниот акциски план за еднакви можности на жените и мажите за 2025 година.  

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Јавна трибина во Кочани – „Намалување на отпадот со цел заштита на животната средина – примена на законски регулативи за намалување на депонирање на...

Здружението за екологија и заштита на животната средина „Еко Тим Исток“ – Кочани, во рамки на проектот „ Зајакнување на соработката за локално влијание врз јавните политики за справување со отпад во Општина Кочани “, соноќа во ЦК „Бели мугри“ во Кочани организираше Јавна трибина на тема: „Намалување на отпадот со цел заштита на животната

Вторник – приемен ден на градоначалникот на Кочани за консултација со граѓаните

Општина Кочани ја известува јавноста дека приемен термин на градоначалникот Владко Грозданов за консултација со граѓаните е вторник од 10 до 13 ч. За итни приеми – секој работен ден од 7:30 до 9 ч. Граѓаните што имаат потреба да остварат средба со градоначалникот треба да се пријават на портирница, на влезот во општинската зграда.

Се реконструира дел од улицата „Бел камен“

Во тек се активностите од првата фаза за реконструкција на улицата „Бел камен“. Изведувачот „Стентон градба“, работи на ископи на асфалтната површина, уличните рабници и на тротоарските површини. Следува ископ на каналски ров за поставување атмосферска канализација. Се работи на крак со должина од 280 метри и ширина 6 м. Реконструкцијата на улицата „Бел камен“