Денеска, во рамки на проектот „Науката и Јас“ во ООУ “Гоце Делчев„ – Прилеп се одржа регионален Саем за наука, на кои учествуваа 10 тина училишта, од разни регони од Македонија. Учениците се „дружеа“ со науката и преку експериметни развиваа љибов и интерес за наука.
На самот присуствуваа претствници на Џонсон Мети, Македонија 2025, кои се организатори на настанот и говореа за важноста на проектот и за значењето учениците да ја сакаат науката, а директорката на основното училиште домаќин, ООУ “Гоце Делчев„ од Прилеп, Снежана Котева го истакна интересот што учениците го пројавуваат во последните години за наука.
Минатата учебната 2023/2024 година, преку овој проектот, беа обучени 23 наставници по природни науки од 20 основни училишта во Македонија. Овие наставници директно влијаеја на околу 1100 ученици од 6-то одделение, го развиваа интерес за науката.
Во рамките на проектот, беа организирни четири регионални научни саеми во: Скопје, Велес, Делчево и Струга. На овие настани учениците ги презентира своите научни проекти и разменуваа идеи со врсниците од други училишта. На саемите учествуваа повеќе од 800 ученици од 6-то и 7-мо одделение, кои со голем ентузијазам ги претставуваа своите проекти и научни откритија.
Проектот „Науката и Јас“ во учебната 2024/2025 година, имавме поамбициозна цел и го проширивме опфатот на проектот да организира професионална обука за над 70-тина предметни наставници по природни науки, физика, хемија и биологија, како и поддршка за над 15 ментори – наставници од областите по природни науки.
Преку овие активности, се очекува да се влијае на над 2000 ученици, охрабрувајќи ги да ги истражуваат природните науки и да ги развиваат своите научни вештини, од една страна, а од друга страна да ги унапредат вештините и знаењата на наставниците во областа на науката преку користење на модерни методи на предавање и критичко размислување.
Проектот „Науката и Јас„ е одобрен од страна на МОН, а образовни активности со наставниците беа реализирани со поддршка на стручниот кадар на Бирото за развој на образованието.
На Саемот за наука оваа година ќе учествуваат 7 основни училишта од Скопје, Куманово, Виница, Прилеп, Свети Николе и Тетово, а секое училиште е преставувано од наставник-ментор со тим од 3-4 ученика.