Маестрално🧡„Полско цвеќе“ во изведба на хорот од ООУ „Климент Охридски“пред споменикот на Тоше

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Кога учениците од ООУ „Климент Охридски„ Прилеп ќе запеат тоа звучи маестрално и префинето. По повод т Светските денови на музиката, во чест на македонскиот музички идол, пред споменикот Тоше Преовски,изграден во негова чест,  тие ја изведија песната “Полско цвеќе„ и само ја потврдија љубовата кон музиката и почита кон македонскиот музички бисер, Тоше. Поддржани од пејачката група на женското здружение „Преродба“, која секогаш е со младите за да ја негуваат музиката,  “Полско цвеќе„ од Тоше , звучеше маестрално на отворено.

Споменикот на Тоше, во центарот на Прилеп, го направи уметникот, Ристо Тошески – Туло, професор и педагот по ликовна уметност, чии спомен за него, ќе остане како траен белег, што на овој град му го подари најубавиот споменик “Тоше“.

Директорот на ООУ “Климент Охридски„ горд на  своите ученици, објави на својот ФБ Профил:

“Во престојните денови што доаѓаат-Светските денови на музиката. нашиот ученички хор од ООУ „Климент Охридски“ – Прилеп и учениците од V-3 одд кои со својата топлина, енергија и искрена љубов преку музиката, изведоа незаборавна интерпретација на „Полско цвеќе“ – песна на бесмртниот македонски бисер на нашиот ангел со златен глас, Тоше Проески.

Со секој тон и секој стих, нивните гласови станаа мост помеѓу генерациите, доказ дека споменот на Тоше не згаснува,туку живее и пулсира преку младите срца и гласовите кои пеат од душа.
Голема благодарност и до нашите верни дами од здружението „Преродба“, кои како чувари на традицијата и споменот, постојано го одржуваат пламенот на прилепската култура и човечност.
А честа да се стои пред споменикот на Тоше е дело на нашиот непрежален колега, уметникот Ристо Тошески – Туло. Туло направи споменикот да не е само симболика,туку тоа да е момент на достоинство, почит и повик да продолжиме да ја негуваме вредноста која Тоше ја носеше…љубов, добрина и човечност.
Тоше беше и останува вечен. А ние, со песна, срце и спомен ја продолжуваме неговата светлина.Во чест на Туло нашиот хор ја пее песната од Тоше….
Видеото го изработи-Фан продукција Пилата
Музика-Чавлески логистик

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Возач од Крушево управувал возило со 2,09 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајка

Полицијата го  лишен од слобода возач од Крушево кој управувал возило под дејство на алкохол, со 2,09 промили алкохол во крвта. При тоа возачот, во алкохолизирана состојба, предизвикал и  сообраќајна несреќа, со материјална штета. На 13.06.2025 во 17.15 часот, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода Н.К.(67) од...

(Видео) Бумбароски: Во изминатите три години општината вложи над 100 милиони денари во образованието

Гоце Бумбароски, советник по образование во Локалната Самоуправа – Прилеп денеска излезе со прес, реагирајќи на обвинувањата на ОО на СДСМ – Прилеп. Тој во своето излагање рече: „- изајви Бубароски на Прес конференцијата која се одржа пред општинската зграда на ЛС.

(ВИДЕО) Заврши 59 МТФ „Војдан Чернодрински“

Синоќа, со свечено доделување на наградите и со претставата „Вистината“ во изведба на НУ Театар Комедија од Скопје, заврши педесет и деветото издание на најзначајниот театарски фестивал во Македонија, „Војдан Чернодрински“. Да потсетиме, фестивалот започна на 6 јуни, беа изведени вкупно 14 претстави, од кои 9 беа во официјалната конкуренција....