Граѓаните на Македонија ќе добијат апликација за лична карта и возачка дозвола во електронски облик

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Министерството за дигитална трансформација работи на дигитална апликација преку која жителите ќе имаат лична карта и возачка дозвола во електронска форма, а исто така ќе имаат пристап и до најновите или најчесто бараните услуги, изјави министерот Стефан Андоновски.

Во интервју за „360 степени“, Андоновски објаснува дека станува збор за „дигитален паричник“, што многу потсетува на „Гугл волет“ или „Епл волет“, што значи дека електронската верзија на личната карта и возачката дозвола ќе бидат запакувани во апликацијата и граѓаните ќе можат да ја покажат за да се легитимираат.

Во втората фаза од проектот, како што навестува, ќе биде овозможено и електронско потпишување и комплетна биометриска верификација.

“Добивме позитивен одговор од програмата „Дигитална Европа“, реализацијата требаше да започне во јануари 2025 година, но поради интерни процедури во Европска Унија почетокот беше највен за јуни 2025 година и ние подготвувајќи се, ја имаме модел-верзијата на апликацијата”, рече Андоновски, истакнувајќи дека ова е проект кој е меѓународно партнерство со Министерството за дигитална трансформација на Украина, заедно со програмата „Дигитална Европа“ од која добивме грант од над еден милион евра.

Андоновски најавува дека на дигиталниот самит кој ќе се одржи во Скопје на 1 и 2 октомври годинава ќе биде претставена тест-верзијата или демо-верзијата на апликацијата за да можат првите корисници да ја преземат на нивниот мобилен телефон и да ја користат.

Апликацијата, како што објасни Андоновски, засега ќе биде бесплатна бидејќи е добиен грант од над еден милион евра од „Дигитална Европа“ од ЕУ и дополнителни средства за развој на порталот за услуги, на кој оваа апликација е практично идентична.

Во првата фаза, според Андоновски, граѓаните нема да имаат никакви давачки, додека во следната фаза, кога ќе се вклучи дигиталниот потпис и биометриската верификација, може да се појават одредени трошоци.

Меѓу другото, Андоновски напоменува дека новиот закон за сајбер безбедност ќе ги зајакне институциите во спречување на хакерски напади, посочувајќи дека законот предвидува формирање на неколку тела – Национален координативен совет за сајбер безбедност, Сектор за сајбер безбедност (во МДТ) и владин центар за одговор на инциденти.

 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Возач од Крушево управувал возило со 2,09 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајка

Полицијата го  лишен од слобода возач од Крушево кој управувал возило под дејство на алкохол, со 2,09 промили алкохол во крвта. При тоа возачот, во алкохолизирана состојба, предизвикал и  сообраќајна несреќа, со материјална штета. На 13.06.2025 во 17.15 часот, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода Н.К.(67) од...

(Видео) Бумбароски: Во изминатите три години општината вложи над 100 милиони денари во образованието

Гоце Бумбароски, советник по образование во Локалната Самоуправа – Прилеп денеска излезе со прес, реагирајќи на обвинувањата на ОО на СДСМ – Прилеп. Тој во своето излагање рече: „- изајви Бубароски на Прес конференцијата која се одржа пред општинската зграда на ЛС.

(ВИДЕО) Заврши 59 МТФ „Војдан Чернодрински“

Синоќа, со свечено доделување на наградите и со претставата „Вистината“ во изведба на НУ Театар Комедија од Скопје, заврши педесет и деветото издание на најзначајниот театарски фестивал во Македонија, „Војдан Чернодрински“. Да потсетиме, фестивалот започна на 6 јуни, беа изведени вкупно 14 претстави, од кои 9 беа во официјалната конкуренција....