По 31 година , Големо Коњари е второлигаш!!! (ФОТО)

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Големо Коњари се враќа во втората фудбалска лига.Со име Братство три сезони одигра во овој ранг – 1991/92, 1992/93 и 1993/94. Честитки за  Управата (предводена од Тони Даноски), Стручниот штаб (со Горан Касниоски) и сите фудбалери, коишто го освоија првото место во Третата лига – Југ.Инку денешната ждрепка беше наклонета и на Осогово од Кочани, а немаше среќа Преспа од Ресен.Со  нетрпение се чека ждрепката за распоредот во есенскиот дел на Втората фудбалска лига на Македонија, каде ОФС Прилеп има уште еден клуб, Победа.

ВТОРА ЛИГА НА МАКЕДОНИЈА, 2025/26: Победа (Прилеп), Големо Коњари (Големо Коњари), Беса (Добри Дол), Брегалница (Штип), Детонит (Радовиш), Саса (Каменица), Охрид (Охрид), Беласица (Струмица), Кожуф (Гевгелија), Скопје (Скопје), Новаци (Новаци), Вардар (Неготино), Осогово (Кочани), Тетекс (Тетово), Шкендија (Арачиново) и Слога (Виница).

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Ученици од ООУ Гоце Делчев- Прилеп блеснаа со знаење на Oлимпијадата по англиски јазик HIPPO 2025

На овогодишната Меѓународна олимпијада по англиски јазик HIPPO 2025, Европски квалификации за Светско првенство, која се одржа во Италија (Венеција) од 26 до 28 мај,  ученици од ООУ Гоце Делчев – Прилеп  достојно го претставија  училиште . Учениците, Дариа Цуцуловска од Vв одделени, по менторство на  доц д-р Марија Дулевска...

ЧУДОТО НА ПОЕТСКИОТ ЗБОР

Јас знам многу малку за поезија. Не сум напишала песна и мојот израз не е поетски. Сметав дека поезијата говори само за љубов кон саканите, татковината, можеби и за напуштените  или осамените… Но, дека само во еден час може толку многу, едноставно, динамично, природно и суптилно, префинето, истенчено и лесно, ...

Познати имињата на 25 кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, за Прилеп сеуште нема предлог

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа седница, на која се дискутирале за предлози за кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори. По состанокот, генералниот секретар на партијата Ѓорѓија Сајкоски ги соопшти имињата на кандидатите. Тој објави имињата на 25 кандидатите за градоначалници . Во првите 25 нема објава на...