Со почит кон втемелувачите на нашата писменост-Денови на Свети Кирил и Методиј во Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Општина Прилеп ги поканува сите граѓани да присуствуваат на настанoт за заедничко одбележување на големиот празник 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј. Оддавајќи почит на светите браќа Кирил и Методиј, чие дело е темел на нашата писменост, култура и духовен идентитет утре (сабота, 24.05.2025) во 11:00 часот, во параклисот „Св. Кирил и Методиј“ во Прилеп, ќе се одржи завршниот настан од проектот „Денови на Свети Кирил и Методиј“. Настанот е организиран од Здружението „Платформа за КРЕАТИВНИ КОНЦЕПТИ – Прилеп“ заедно со Општина Прилеп, храмот „Св. Кирил и Методиј“ и соработката со основните училишта.
Ќе бидат презентирани креативните дела изработени од ученици од основните училишта во Прилеп, кои учествуваа на работилниците во текот на месец мај.
Овие активности имаа за цел да го истакнат значењето на светите браќа Кирил и Методиј, нивниот придонес во создавањето на глаголицата и развојот на словенската писменост и култура.
Настанот ќе биде збогатен со настапи на Хорот при храмот „Св. Кирил и Методиј“ и средношколскиот хор составен од ученици од СОУ „Ѓорче Петров“ и СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ од Прилеп.
Претходно, по повод празникот и храмовата слава, ќе се отслужи Света Божествена Литургија со која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополит Преспанско-Пелагониски и Администратор Австралиско-Новозеландски г. Петар.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Кривични пријави за недозволено поседување оружје и пиротехника

-ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против 51-годишната Д.Г. од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 15.04.2025, полициски службеници извршиле претрес во викенд куќа во прилепско, која ја користела пријавената, при што биле пронајдени и одземени...

Јавен повик на Општина Прилеп за членови на Локалното собрание на млади

Општина Прилеп објави јавен повик за предлагање на кандидати за членови на Локалното собрание на млади, со цел активно вклучување на младите во локалните политики и донесување одлуки што го засегаат животот на младинската популација. Повикот е распишан врз основа на одредби од Статутот на Општина Прилеп и Законот за младинско...

РАДИО ПЕЛА ЗАКИТИ СО ПРИЗНАНИЈА 13 ВЕЛИЧЕСТВЕНИ ПРИЛЕПЧАНИ

Прилеп уште еднаш докажа и потврдие дака има што да понуди – вредни, креативни, посветени, иновативни, посебни, одговорни и храбри луѓе, за кои вреди да се пишува и да се дел од новинарскиот бележник за нивните дела да останат во архивата на прилепската историја. По 7ми пат, Радио Пела (Радио...