Бозоски: Камениот магацин не е под заштита како културно наследство, реконструкцијата на кровот е согласно законските прописи

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Деновиве на социјалните мрежи и на дел од медиумите актуелни беа информациите за наводна незаконска доградба на камениот магацин во сопственост на Диме Бозоски, советник и заменик градоначалник на Општина Прилеп. Објектот не е под заштита како културно наследство и Реконструкцијата на кровот од камениот магазин е во согласност со законските прописи, посочи Бозоски денеска на прес конференција, потенцирајќи дека со тоа се бара начин  како да се извалка неговото име „поради можноста за кандидатура од моја страна за иден градоначалник на град Прилеп“, рече тој.

Прес конференцијата ја објавуваме во целост :

„Објектот датира од втората половина на XIX век, истиот е купен од моја страна пред 20 години. Се работи за објект кој во имотен лист и фактички се состои од Сутерен со површина од 255 м2, кат 1 со површина од 109 м2 и со површина од 87 м2. Бидејќи објетот е стара градба и од денот од кога истиот е изграден до денес врз него не е вршена санација и реконструкција, а и поради опасноста од саморушење на истиот, ангажирав правно лице кое изготви основен проект и беше поднесно барање за реконструкција на кров, за што од страна на Општина Прилеп беше издадено Решение со кое ми се одобрува да извршам реконсктуркција на кровот.

Но, во текот на изведувањето на градежните работи, односно отстранувањето на кровот дојде до појава на делумно саморушење на постоечките масивни ѕидови од вториот кат со пукнатини во ѕидови во приземјето, поради што изведувачот на работите до ЕЛС Општина Прилеп уредно достави писмено ИЗВЕСТУВАЊЕ за настанатата состојба во кое е наведено цитирам “При реконструкцијата на кровот која што подразбираше отстранување на дотраен кров со страи гнили греди за да потоа се постапви нова кровна конструкција на објектот, при интервенцијата за отстранување на кровот, бидејќи стариот кров имаше цврста врска со ѕидовите од катот, при рушењето на кровот дојдено е до деформации во ѕидовите од спратот во вид на поголеми пукнатини по цела должина на ѕидовите, како и дијагонално на нивната вертикална површина (од надвор и од внатре) при што дојде до нивно делумно саморушење. Ако се земе во предвид дека се работи за многу стара ѕидарија од тула со варов малтер, ваквите деформации предизвикуваат опасност од саморушење на самите ѕидови од објектот. Поради тоа, приморани бевме да ги срушиме и одлучено е истите да се рушат контролирано, без предизвикување на опасност по објектот и околината на објектот. При рушењето на кровот, дојдено е и до оштетување и рушење на дотраена плафонска дрвена конструкција над спратот (таванска конструкција) т.е. под кровот.”

Писменото известување кое изведувачот на работите го достави до ЕЛС Општина Прилеп-Сектор за урбанизам, комунални работи и заштита на животна средина во врска со новонастанатата ситуација, на ден 01.04.2025 година од страна на Секторот за урбанизам, комунални работи и заштита на животна средина е препратено до Градежен инспекторат при Општина Прилеп и истото на ден 02.04.2025 година е примено од страна на градежен инспектор.

 

 

По однос на вака доставеното Известување за настаната ситуација Градежниот инспекторат при Општина Прилеп до ден денес се нема произнесено, поради што од моја страна на изведувачот му беше наредено да запре со градежните активности, се додека не добиеме одговор по известувањето.

Поради новонастанатата ситуација, од моја страна како инвеститор до ПЕРКАН ПРОЕКТ ДООЕЛ Прилеп на ден 02.04.2025 година беше доставено писмено Барање за изработка на проектна документација за реконструкција на постоечкиот објект, со цел објектот да се врати во истата габаритна состојба до пред преземањето на градежните дејствија врз кровот.

 

Сакам да напоменам и тоа дека предметниот објект не е евидентирано недвижно добро, нема изготвено акт за поединечно заштитно добро и не спаѓа во заштитено подрачје ни во контактна зона на споменичкиот комплекс Стара Чаршија.

Исто така, сакам да напоменам дека никогаш не сум работел под државнa капа, потекнувам од работничко семејство кое никогаш не живеело на јазлите на државата, а како Советник на Општина Прилеп од денот на мојот избор, до денес немам земено денар од мојата советничка плата, туку напротив истата е наменета за помош на најранливите категории на граѓани. Поради ова, сметам дека се бара начин како да се извалка моето име поради можноста за кандидатура од моја страна за иден градоначалник на град Прилеп, точно во екот кога се очекува да бидат објавени имињата на кандидатите за идни градоначалници. 

                      

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Избегната трагедија кога дрво се сруши на коловоз

Краткотраен, но силен дожд, проследен со грмотевици, појава на град и силен ветар што попладнево се случи во Прилеп, сружи дрво во близина на Вазарот, кај кружниот тек кај ЦК Марко Цепенков. За среќа, за малку е избегната трагедија  при падот на дрвото, бидејќи во тој момент не поминал  автомобили...

Прилепската болница се поднови со современ апарат за стерилизирање на опрема

Прилепската болница доби нова современа медицинска опрема што ќе придонесе за значително подобрување за здравствените услуги. Станува збор за високотехнолошки стерилизатор на медицинските инструменти, текстил и потрошен материјал, намалување на болничките инфекции и подобра заштита на пациентите и здравствениот кадар.

Лукароска: општина Прилеп ја има најлошата и најнеспособна власт во нејзиното постоење

„Актуелниот градоначалник и локалната власт во Прилеп немаат реализирано ниту едно предизборно верување,“ посочи меѓу другото на денешната прес конференција Петра Лукароска, претседателка на ОО на СДСМ Прилеп која обвини за низата од нереализирани проекти. Ја пренесуваме во целост: „Градоначалникот на „скандинавската“ Општина Прилеп, Борче Јовчески и неговата ВМРО-ДПМНЕ, го...