В недела „Сите на велосипед“ Прилеп – Мало Коњари – Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

В недела на 25 ти мај во организација на Општина Прилеп и Велосипедски клуб и сервис „Илинден“ ќе се одржи манифестацијата „Сите на велосипед“. Релацијата за ова велосипедско дружење е позната, собирање од 11 и 30 ч, се тргнува од пред „Реклами“ од центарот на Прилеп во 12 часот. Патеката во должина од околу 6 километри води до најблиското село Мало Коњари и назад до Прилеп .

„Овој настан е одлична можност за рекреација, дружење и поттикнување здрави навики. Повелете со вашите велосипеди да го раздвижиме Прилеп заедно,“ посочуваат од Општина Прилеп.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Се санира обиколниот пат кај новите гробиштата

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп започна со санирање на обиколниот пристапен пат до Новите градски гробишта. Моментно се врши ризлање и тампонирање на дел од патот кој често се оштетува поради поројни дождови и атмосферски влијанија. Целта, велат оттаму, е подобрување на пристапот и спречување на поголеми оштетувања на обиколниот пат, ...

Кривични пријави за недозволено поседување оружје и пиротехника

-ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против 51-годишната Д.Г. од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 15.04.2025, полициски службеници извршиле претрес во викенд куќа во прилепско, која ја користела пријавената, при што биле пронајдени и одземени...

Јавен повик на Општина Прилеп за членови на Локалното собрание на млади

Општина Прилеп објави јавен повик за предлагање на кандидати за членови на Локалното собрание на млади, со цел активно вклучување на младите во локалните политики и донесување одлуки што го засегаат животот на младинската популација. Повикот е распишан врз основа на одредби од Статутот на Општина Прилеп и Законот за младинско...