Производите на Витаминка на престижниот China-CEEC Expo 2025 во Кина

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Витаминка годинава е дел од 4. издание на China-CEEC Expo & International Consumer Goods Fair (Меѓународен саем за потрошувачки производи), кој се одржува од 22 до 25 мај 2025 година во Нингбо, Кина. Настанот, кој претставува единствен национален институционален саем во Кина посветен на соработката со земјите од Централна и Источна Европа (ЦИЕ), на едно место собира стотици компании, со цел унапредување на трговијата и економската соработка со кинескиот пазар.

„Учеството на Витаминка на China-CEEC Expo е значаен чекор за отворање кон нови пазари и интернационализација на нашите брендови,“ изјави Рибар по пристигнувањето. „Настанот ќе ни овозможи директна промоција на нашите производи пред глобална публика и остварување контакти што може да резултираат со нови извозни договори. Кина е огромен пазар, а Витаминка има што да понуди – квалитет, традиција и прилагодливост“, изјави претставник од Витаминка, Игор Рибар, подрачен шеф во извоз.

China-CEEC Expo 2025 се одржува под мотото „Нови визии за иднината“. Големиот настан ќе вклучува церемонија на отворање, сесии за поврзување на бизниси, активности за промоција на инвестиции, културна размена и трговска изложба која ќе се простира на 80 илјади квадратни метри.

Присуството на Витаминка на ваков престижен саем ја потврдува посветеноста на компанијата кон проширување на своето меѓународно присуство, а истовремено претставува и вреден придонес за промоцијата на македонската храна и прехранбена индустрија во светски рамки.

Саемот China-CEEC Expo & International Consumer Goods Fair потекнува од иницијативата од 2013 година во Букурешт, кога беше предложено организирање на изложба на потрошувачки производи од ЦИЕ во Кина. Првиот саем се одржа во јуни 2014 година во Нингбо, а во 2019 година доби статус на национален институционален саем, со официјално име China-CEEC Expo & International Consumer Goods Fair.

 

Од 2019 до 2023 година, на саемот учество зеле повеќе од 3 000 компании од ЦИЕ, со над 10 000 различни производи

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Македонија на Европско ја претставуваат браќата Лука и Дино Најдоски

Браќата Лука и Дино Најдоски од прилепскиот клуб Фил Феникс и оваа година ја претставуваат Македонија на врвните европски и светски натпреварувања во воздухопловни спортови. Викендов, од 20 до 27 јули во Салонта, Романија двете братчиња од Прилеп се единствени претставници од Македонија на јуниорското Европско првенство во спортско моделарство....

УЈП континуирано ќе врши контроли на терен на „Пиво-фестивал 2025“

Пред стартот на „Пиво-фестивал 2025“,( од 18 до 20 јули 2025 година,)  претставниците од Управата за јавни приходи (УЈП) реализираа едукативна работна средба со прилепските стопанствениците и со закупците на штандови кои ќе учествуваат на  манифестација. На средбата на учесниците кои ќе вршат промет на добра и услуги им се...

Прилепските Пратениците ќе бараат законски да не се увезува тутун додека не се откупи домашното производство

Прилепските пратениците најавуваат измени на Законот за тутун и производи од тутун. На средба со министерот за земјоделие Цветан Трипуновски, па објавија на Фејсбук , пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп – Петар Ристески, Билјана Кузманоска и Дејан Проданоски пишуваат дека договараат измени и дополнувања на Законот за тутун, за да не...