(ФОТО-ГАЛЕРИЈА) Отворени денови за деветтодделенците во прилепските средношколски центри

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Денеска, отворени денови за деветтодделенците во неколку училишни средношколски центри: СОУ „Орде Чопела“, СОУ „Ѓорче Петров“ и СОУ „Ристе Ристески – Ричко“  .

Целта на овие отворени денови е запознавање на идните средношколци со струките и можностите кои ги нудат прилепските училиштни центри.

Погледнете ја галеријата од фотографии:

Во СОУ „Орде Чопела“, кое брои неколу струки и профили идните средношколци имаа можност да се запознат со:  Хемиско-технолошка струка прехранбен техничар, (дуална паралелка), каде училиштето соработува со прехранбени компании, а учениците учат практика: – техничар за заштита на животната средина / хемиско лабораториски , –пекар/месопреработувач (дуална паралелка), каде училиштето има соработка со компании кои им помагаат на учениците во практичниот дел, со стипендија во месечен износ за секој ученик од 3500 денари, девет месеци.

Земјоделско-ветеринарна струка : агротехничар за традиционално и органско производство ( дуална паралелка) кој исто така во соработка со компании создава простор учениците да ја применуваат праксата. Храната секогаш се произведува и ова е одлична можност за запознавање со можностите како да се произведе здрава еко храна, техничар по ветеринарна медицина, за оние кои ги сакаат животните и техничар за фитомедицина (дуална паралелка),  во соработка со компании.

Градежно-геодетска струка  геодетски техничар/ архитектонски техничар обезбедува стипендии за ученици од прва година, а пријавувањето ќе се врши во еден уписен рок со две пријавувања во месец јуни и јули.

Лични услуги –  техничар за очна оптика – една од најинтересните струки за учениците при посета на ОТВОРЕНИОТ ДЕН на СОУ Орде Чопела

Здравствена струка – медицинско лабораторискo – санитарен техничар, каде учениците гледаат можност да ја изучуваат медицината.

На прашањето ЗОШТО  да се се избери СОУ „ОРДЕ ЧОПЕЛА“-Прилеп? од таму велат: 
– ЗАтОА ШТО стручното образование нуди брзо и квалитетно вработување, по
завршување на средното образование со можност да се продолжи образованието на
факултет, а компаниите добиваат висококвалитетен млад стручен кадар.

Во СОУ „Ѓорче Петров“ пред идните средношколци беа прикажани условите и програмите во ова училиште:

Здравствена струка: за медицински сестри,  фармацевтски техничар и   физиотерапевтски техничар;
Текстилно – кожарска струка која  соработува со компаниите за поквалитетно изучување на оваа струка;
Лични услуги – профилот за техничар за козметичка нега и убавина и профил за фризер;
Шумарско – дрвопреработувачка струка и
Геолошко – рударска и металуршка струка со  зголемен број часови поминати во компанија.

Праксата покажува дека стручните училишта стануваат се’ поатрактивни.
„СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп, познато како  медицинско  училиште е едно од
најатрактивните за учениците кои го завршуваат основното образование. Понудата од струки и профили е разновидна,“ велат од овој училишен
средношколски центар.

Во СОУ „Ристе Ристески – РИЧКО“  на располагање се:

Сектор ЕЛЕКТРОТЕХНИКА со 6 квалификации, меѓу кои и квалификација за дуално стручно образование по германски и македонски модел, при што учениците имаат избор за три или четири годишен образовен процес.
Сектор МАШИНСТВО на располагање се 6 квалификации, меѓу кои и квалификација за дуално стручно образование по германски и македонски модел, со избор за три или четири годишно образование.
Сектор СООБРАЌАЈ, ТРАНСПОРТ И СКЛАДИРАЊЕ кој што содржи 3 квалификации со времетраење на образовниот процес од 4 години.
Сектор ГРАФИЧАРСТВО во кој што се вклучени 2 квалификации за 4 годишно образование и
СПОРТСКА ГИМНАЗИЈА со 4 годишно образование.

Овој средношколски центар,  вклучува дуалното образование по германски модел во одредени квалификации во секторите ЕЛЕКТРОТЕХНИКА (техничар за индустриска мехатроника) и МАШИНСТВО (техничар за производно машинство) каде учениците имаат можност да бидат платени за практичната работа во одредени компании.

На отворениот ден, при посетата, учениците имаа можност да научат и да се запознаат со што се одликуваат поедините сектори, какви можности нудат поедини квалификации, по што се разликуваат наставните програми за секој од секторите пооделно, како се одвива практичната настава во и вон училиштето. СОУ Ристе Ристески – Ричко Прилеп поседува одлични услови за професионална едукација и надградба на учениците. На располагање се специјализираните кабинети со сите потребни помагала за обавување квалитетна практична настава.

Пријавувањето на учениците за запишување и годинава ќе биде електронско преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку нивните кориснички сметки на Schools.mk.

Првото електронско пријавување на учениците ќе биде од 00:00 часот на 14 јуни до 23:59 часот на 17 јуни 2025. Доставувањето на потребната документација до училиштата ќе биде на 18 и 19 јуни, а конечната ранг-листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште ќе ја објави на 20 јуни 2025.

Второто електронско пријавување во јунскиот рок ќе биде на 30 јуни 2025, доставувањето на документите на 1 јули и објавувањето на конечната ранг-листа и слободните места на 2 јули 2025.

Пријавувањето во августовскиот рок, според објавениот конкурс, ќе се врши на 21 август 2025.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп шест месеци без „Испитен центар за полагање возачки испит“- кандидатите губат, и време, и пари

Веќе шест месеци прилепчани не се во можност да полагаат возачки испит т.н  градско возење. Останувајќи без лиценца, Испитниот центар за полагање возачки испит во Прилеп  е не функционален веќе од средината на декември, мината година, а кандидатите губат, и пари, и време!  Кандидат од Прилеп шест месеца чека да...

Изложба „Рефлексивна привлечност“ на Слободан Милошески во Прилеп

Во Ликовната галерија при ЦК „Марко Цепенков“ на 23 мај 2025 ( петок) од 18.30 часот ќе биде отворена изложбата на скулптури „Рефлексивна привлечност“ од академскиот скулптор Слободан Милошески. Изложбата е дел од годишната програма на Центарот за 2025, поддржана од Министерството за култура и туризам, а ќе биде достапна...

Во стрелачки клуб во Прилеп недостигале воздушни пушки и пиштоли, одговорниот „заработи“ пријава

СВР Битола поднесе кривична пријава против К.Ч.(42) од Прилеп, одговорно лице во стрелачки клуб во Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Во периодот од 02.04. до 04.04.2024, полициски службеници извршиле контрола во стрелачкиот клуб, при што било констатирано дека недостасувале поголем дел...