„И, ние имаме деца за трка„- На економска национална олимпијада двајца ученици од економското училиште во Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

И, ние имаме деца за трка. Двајца ученици  од  СОЕПТУ „Кузман Јосифовски Питу“ – Прилеп  се пласираа во финалето на Националниот натпревар на економската олимпијада, која се одржа во Тетово.

Ученикот, Стефан Тасески го освои второ место и како награда  доби таблет, а ученичката Михаела Слабакоска се пласира во финалето и го освои 21 место, од 70 учесници. За жал е едниот и другиот не влегоа во потесниот избор за претставници на нашата држава, во Атина, „но, покажаа одлични знаења од областа на светската економија“ ,велат од СЕТУ Кузман Јосифоски -Питу- Прилеп.

На овој натпревар учествуваа 70 ученици, од 30 училишта и 16 градови: Кочани, Штип, Велес, Гевгелија, Куманово, Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево, Македонски Брод, Струга, Прилеп, Крива Паланка и други , кои се натпреваруваа во две фази на тестирање.  воконкуренција од 70 ученици, беа избрани топ 5-те најдобри ученици, кои ќе ја претставуваат Македонија на Меѓународната Економска Олимпијада, што ќе се одржи во август оваа година во Грција, на Античка Олимпија, која е позната како место каде што започнале првите олимписки натпревари..

Ативност, која се организира веќе три години, е намената не само да го промовира економското образование кај младите, туку и да  ги зајакнува и нивните аналитички вештини, критичко размислување и подготовка за предизвиците на модерната економија.

На 17 мај 2025 година во Тетово се одржа Националниот круг на Економската Олимпијада, организиран од Институтот Либерална Алтернатива (LAI) и Economics Fundamentals Initiative (EFI), со поддршка од Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ).

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„12“ на МНТ ќе го отвори, „Вистината“ на Театар Комедија ќе го затвори 59. МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп

Претставата „12“ во режија на Синиша Евтимов, во продукција на Македонскиот народен театар од Скопје, ќе го отвори 59. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Отворањето ќе биде во 20 часот на сцената на Центарот за култура „Марко Цепенков“. „12“ е дел од официјалната селекција на фестивалот....

Две кражби во Прилеп и во Ропотово

Од полицискиот билтен две информации за кражби кои биле извршени во Прилеп и во Ропотово: На 20.05.2025 во 15.20 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Ж.М.(21) и С.Р.(22), двајцата од Прилеп, затоа што биле затекнати при вршење на кражба од бутик во Прилеп. По целосно документирање на настанот против нив ќе...

МВР со детали за синоќешната сообраќајка на експресниот пат Прилеп – Градско

СВР Велес сподели официјална информација за сообраќајната несреќа од синоќа, на експресниот пат Прилеп – Градско, каде товарно возило удрило во банкините. – Синоќа во периодот од 20:10 часот, до утрово до 01:20 часот, патничкиот и товарниот сообраќај на новоизградениот експресен пат беше во прекин, а сообраќајот  беше пренасочен по...