По одличната сезона во третата лига југ , ФК Големо Коњари , заслужено ја прослави шампионската титула.Во населеното место од каде потекнува клубот со голема фудбалска историја , синоќа едноставно се беше препуштено на славеничката атмосфера.За тоа се погрижи успехот на тимот кој уште од стартот на сезоната беше лидер во третата лига југ и остана до крајот доследен на одличните резултати.Фудбалерите кои сплотени во еден натпреварувачки дух и со една единствена желба , клубот да го видат еден ранг погоре ,одиграа сезона за паметење.За луѓето кои се директно инволвирани во клубот но и за сите кои живеат во населеното место Големо Коњари ова е уште еден показател дека кога се сака својот клуб тогаш успесите со заеднички сили се реални.Заслужен е крајниот епилог на ФК Големо Коњари кој сега ја има својата шанса , преку бараж да избори место во втората лига.Таму секако се е поинаку , но оваа фудбалска екипа ја заслужува подршката од сите кои треба на било каков начин да му помогнат на клубот , дали инфраструктурно дали финансиски , оваа екипа покажа дека може да биде нов второлигаш за градот Прилеп и да ги игра своите натпревари пред своја публика.Успехот е тука и може да кулминира со уште една прослава за брзо ….па очекуваме сите убава разврска на иднината на клубот.Со среќа на сите …а во продолжение и дел од атмосферата при прославата.