Вечерва “Денови на Крали Марко“

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во рамки на манифестацијата „Денови на Крали Марко„, вечерва од 19.30 часот, во фоајето од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се одржи концертниот проект „Гласови под Кулите“, кој го спојува древното и современото, македонското и медитеранското, балканското и западноевропското.
Концертот. е во организација на Општина Прилеп, во соработка со НУЦК Марко Цепенков – Прилеп,  иќе преставува патување низ вековите и планините – од изворни гласови и митски јунаци, преку сенки од Шар Планина, до спомени од детството и народните приказни и еха од европскиот среден век – во потрага по заедничките елементи што ги носи европското музичко минато и она што е древно во фолклорот. Навидум концертот ќе биде полн со спротивности и неспоиви песни и инструменти, но токму тие создаваат парадоксално, а логично, еден свој свет и своја естетика.

Програмата ќе биде исполнета со изведби на традиционални македонски песни, чалгиски интерпретации, но и нови инспирации од европскиот и балканскиот музички фолклор. Од „Гласот ми се чуе горе в планината“ и „Крали Марко и Митре Тирочанче“, „Зајде сонце, зајде“, до „Douce Dame Jolie“ „Pourquoi, doux rossignol” и „Узви се лоза алова“ – концертот ќе ги обедини сите тие елементи во еден уникатен музички концепт.

„Болката, разочарувањето и жртвите на јунаците кои се борат со својата судбина, песните за борба и храброст, преку контрадикторните моменти на одлуки и жртви што ги носат, ќе бидат само дел од патувањето низ нашите музички корени. Емоција која допира до најдлабоките основи на нашето постоење и сеќавање, додека ги поврзува епохите и просторот, можеби поврзувајќи ги нашите исконски звуци со трупите на некои патувачки музичари и минатото со сегашноста и иднината. Ана Митоска (вокал, сантур), Петар Христов (цариградска лира, вокал, ут, лаута, дудук, сопран саксафон, блокфлејта…), Зоран Беговски (кавал, деф, вокал), и Симон Облешевски (клавијатури), ќе оживеат легенди и звуци што се носат од далеку – и остануваат длабоко во нас“, се вели во најавата за овој настан.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО) Протектор полисата за животно осигурување -комбинација од штедење и заштита од ризици за себе и најблиските

На тема „Полиса за животно осигурување“ и колку оваа услуга на осигурителните компании е навистина влог во иднината дискутиравме со Лина Димоска од Протектор, Друштво за застапување во осигурувањето Прилеп. Колку одлуката за користење на услугата значи само финансиски бенефит – инвестиција или со тоа се обезбедува осигурувањето на животот...

(ВИДЕО)Тодороски: Градот Прилеп и симпатизерите никогаш не кренаа раце од Победа

За подвигот што го направи Победа кога од последно  стигна до првото место , за времињата кога Прилеп и градот живееа за фудбал на градски, преполни трибини , фудбалска атмосфера која можи само да се доживее,и токму таа слика ви ја пренесуваме преку  разговарот  со некогапниот играч на Победа ,...

Потстанар предизвикал пожар, a момче од с.Обрашани агрсивно се однесувал во угостителски објект

На 15.05.2025 во 23.10 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Г.А.(63) од Прилеп поради сомнение за „предизвикување на општа опасност“ по член 288 од Кривичен законик. Имено, во ОВР Прилеп било пријавено дека тој со запаливо средство предизвикал пожар пред влезната врата од куќата на Л.Г.(58) од Прилеп,...