Генералка викенд во Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Околу 200 учесници од различни возрасти, професии, институции и граѓански здруженија се вклучија во најголемата национална акција за чистење и селектирање отпад – Генералка викенд во Кочани.

Годинава акцијата во Кочани ја координираа физички лица, поединци кои упатија апел за поголема грижа за јавната хигиена и за селектирањето на отпадот во секојдневното живеење.

Поддршка на акцијата даде и в. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски, кој истакна дека минатите две седмици комуналните служби направија силни напори Кочани полека да ја доведе на повисоко ниво чистотата на јавните површини.

Собраниот отпад во акцијата Генералка викенд ќе се мери, ќе се рециклира, а дел ќе се транспортира на Градската депонија.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Известување од градоначалникот на Општина Виница, Митко Костадиновски во врска со изградбата на хидроцентралата на Блатешница

Во врска со протестите на жителите на село Блатец против изградба на хидроцентрала на река Блатешница сакам да Ве известам за следното. Известен е инвеститорот дека Одобрението за градење на хидроцентралата, согласно член 68 став 1 од Законот за градење престанало да важи од 13.08.2025 година и доколку превземе градежни дејствија, истите ќе се сметаат

 Денеска е Чист Понеделник – почнуваат Велигденските пости

  Од денеска, 23 февруари, започнуваат Велигденските пости – најдолгиот и најстрогиот пост во православната традиција, кој му претходи на најголемиот христијански празник – Воскресението Христово. Годинава постот трае 48 дена, од 23 февруари до 12 април. Според правилата на Македонска православна црква – Охридска архиепископија, од понеделник до петок се пости на вода, во

Отчет 100 дена локална власт Општина Зрновци…

Драги граѓани на општина Зрновци,Првите 100 дена од мојот мандат како градоначалник на нашата општина претставуваат период на интензивна работа, посветеност и јасно поставени приоритети за нејзин понатамошен развој. Од самиот почеток си поставив задача да изградиме пофункционална, поодговорна и транспарентна локална самоуправа која ќе биде во целосна служба на вас, жителите на Зрновци.Во овој