Уапсен убиецот и четворица помагачи во врска со убиството во Штип, сите државјани на Турција

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Лишени од слобода лицето кое пукаше и четворица помагачи во врска со синоќешното убиство во Штип.

На 08.05.2025 во 21.25 часот во СВР Штип е пријавено дека во угостителски објект на Градскиот плоштад во Штип било пукано со пиштол кон Е.О.(25) од Република Турција, по што сторителот побегнал со возило. Повредениот бил пренесен во Клиничка болница Штип каде што во 22.10 часот починал.

По преземени мерки и активности, при што бил употребен и дрон, во близина на наплатна рампа Миладиновци, полициски службеници од слобода ги лишиле К.К.(21) од Република Турција зa кој постои сомнение дека е сторител на делото, како и А.Х.(22), Т.М.(22), О.М.(29) и А.О.(28), сите од Република Турција, поради сомнение дека му помогнале на К.К. да побегне од местото.

Имено, во 22.15 часот на наплатната рампа Миладиновци, во заедничка акција на СВР Штип, СВР Скопје и сообраќајната полиција, било запрено патничко возило „бмв“ со штипски регистарски ознаки, во кое биле  А.Х., Т.М., О.М. и А.О., при што А.Х. се дал во бегство, а другите лица биле лишени од слобода. Набргу, по преземени мерки, тој и сторителот К.К. биле пронајдени и лишени од слобода.

Сите лица биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот во координација со јавен обвинител, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Со ревијален концерт одбележан јубилејот – 70 години од основањето на ОМУ „Ристо Јуруков“

Во ЦК „Бели мугри“ вечерва, Општинското основно музичко училиште „Ристо Јуруков“,  со ревијален хуманитарен концерт на кој учствуваа сродни училишта – гости од цела Македонија, го одбележа јубилејот – 70-години од основањето. Ова училиште , како нижо музичко, е основано во 1956 година под името „Стеван Мокрањац“. Истото, подоцна е  преименувано во „Ристо Јуруков“, според

Полицијата приведе четири лица на експресниот пат Кочани–Штип

На 02.04.2026 во 00:20 часот на експресниот пат Кочани – Штип, во близина на с.Спанчево, општина Чешиново – Облешево, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Р.К.(39), З.Н.(31), С.Р.(29) и 21-годишната Н.А., сите од Кочани. При преглед во возило „фолксваген голф“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал Р.К., и при преглед кај

Утревечер АФКО во МКЦ во Кочани по 14 – ти пат

Здружението на граѓани, вљубеници во хуморот и сатирата „Афористичката репрезентација на Македонија“ на 3 април, петок, во 18 часот во Мултикултурниот центар во Кочани ќе го одржи 14. издание на  манифестацијата „Вечер на македонскиот афоризам“,  во пошироката културна јавност позната како АФКО. Оваа година афористичарите на конкурсот твореа на темата „Чесен крадец“. До тричлената комисија,