Охриѓани ја покажаа хуманоста на дело, голем одзив на трката „Од срце трчај со срце дарувај за Кочани“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Ученици и студенти, родители и наставници, вработени во јавните претпријатија и Општина Охрид ја покажаа хуманоста на дело. Преку 500 учесници беа дел од денешната хуманитарна трка „Од срце трчај со срце дарувај за Кочани“ во организација на СОСУ „Св. Кирил и Методиј”-Охрид во соработка со ЈП “Билјанини извори”-Охрид.

Директорот на училиштето, Ристе Јанкоски, вели ваков спортски настан организираат втора година со ред, но годинава помасовен и со хуманитарна цел за настраданите во Кочани.
Претходната година направивме еден мал спортски настан во нашето училиште заедно со ЈП „Билјанини Извори“ каде учествуваа само ученици од нашето училиште, а оваа година организираме поголем настан со ученици од сите училишта. Направивме една хуманитарна трка и сите средства кои ќе бидат собрани ќе се донираат за семејствата на повредените во несреќата во Кочани. Имаме две категории во трката. Учествуваат ученици и студенти и родители и наставници. Има повеќе од 500 пријавени. Целта е да бидеме хумани, па во таа насока на целата патека се поставени кутии за собирање на средства кои ќе се донираат. Средствата ќе бидат уплатени на здружението во Кочани кое е за поддршка на повредените, вели Јанкоски.

Воедно, Јанкоски, изрази и благодарност до сите вклучени во организацијата и реализацијата на хуманитарната трка, потенцирајќи ги при тоа заложбите на голем број деца и волонтери.

Ученичката Теодора Митреска која беше вклучена во организација на хуманитарната трка, но и како учесник во истата, вели целта била да ја покажат хуманоста и колку можат да даруваат за нивните другари од Кочани.

Заинтересираноста за учество на трката беше на виско ниво, се потрудивме настанот да биде организиран по сите прописи и стандарди. Се надевам дека ќе имаме повеќе вакви настани и ќе ја покажеме нашата хуманост повторно, истакна Митреска.

Пред почетокот на трката претходеше загревање на учесници, а истите имаа можност да ја проследат и показната вежба на тимот за прва помош. На вежбата беше потенцирана важноста на поединецот за пружање на прва помош во првиот момент по несреќата во насока на спасување на животи.

Трката се одвиваше на потегот од почетокот на кејот пред „Харбор’’ до „Куба Либре“ во должина од 3 км.

Фото: A. Mомировска

Извор: Ohridnews.com

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Нови бизниси, нови локации, за нови вработувања „Амфенол Заксенкабел“

Свечено е пуштен во употреба новиот деловен простор на „Заксенкабел“ при „Амфенол Технолоџи Македонија“. Дислокацијата треба да допринесе за подобрување на работните услови на вработените, на самите работни процеси, како и можност за идни нови проекти и проширување на производните капацитети. Аквизацијата свечено ја пуштија во употреба генералниот директор на „Амфенол“, Сашко Наков и генералниот

Во ДК „Тошо Арсов“ во Виница на 25 март отворање на изложба на слики од 33. Лесновска ликовна колонија

Поставка на дела изработени во текот на 33 – та Лесновска ликовна колонија ќе се најде пред виничани утре, 25 март, во ДК „Тошо Арсов“. Изложбата се состои од дваесетина слики работени од 13 учесници на колонијата што се одржа мината години во месец јули, во организација на ДК „Злетовски рудар“ од Пробиштип. Свеченото отворање

Освежете го вашиот стил оваа сезона со бутик „Луна“!

Освежете го вашиот стил оваа сезона со бутик Луна! Во „Луна“ ве очекува богата понуда на машки блузи, модерни кошули и стилски палтиња, како и елегантна женска гардероба за секоја пригода. Посебен акцент е ставен на новата пролетно-летна колекција – лесна, модерна и совршена за топлите денови што доаѓаат! Во бутик „Луна“ добивате врвен стил