Алтернативен пат, па потоа уривање на мостот, бараат граѓаните на протестите на патот Врбјани – Кривогаштани

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Јавен собир и блокада на патниот правец Врбјани – Кривогаштани од граѓаните, жители на околните села. Со трактори, автомобили и во голем број граѓаните од утринава патот го затворија и не дозволуваат градежната механизација да го урива мостот на регионалната патна делница Прилеп – Крушево кај Врбјани.

„Бараме прво привремен пат, па потоа уривање на мостот кај селото Врбјани“ велат граѓаните за кои изминатава година сообраќајот на оваа патна делница во реконструкција им зададе големи проблеми за обавување на секојдневните обврски.

Изведувачот на градежните работи за реконструкција на регионалниот пат Прилеп–Крушево деновиве најави целосен прекин на сообраќајот поради уривање на постоечкиот мост кај селото Врбјани кој што е единствен на овој регионален пат.  Со негово уривање, а без алтернативно решение повеќе села и неколку општини ќе останат без можност да патуваат и да ги обавуваат редовните обврски.

„Од 09:10 часот, сообраќајот на оваа делница е целосно блокиран во двата правци. На терен се присутни надлежните служби, а засега нема информации за тоа колку долго ќе трае блокадата.

Возачите се предупредуваат да користат алтернативни патни правци и да бидат внимателни доколку се движат во овој регион,“ известуваат од АМСМ.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилепската полиција уапси осум лица по масовна тепачка

На 25.05.2026 во 22:15 часот на ул. „Трајко Тарцан “ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода Џ.У.(31), Џ.У.(52), Е.У.(35), А.У.(58), Е.У.(36) и еден 17-годишен малолетник, сите од с. Пресил, крушевско  и С.К.(52) и Х.К.(18) од с.Саждево, крушевско. Според пријавеното, на 25.05.2026 во 19:30 часот С.К. и  неговиот син Х.К. движејќи се со патничко возило „пасат” на пат...

Опасност на улиците – се повеќе возачи управуваат возила без возачка дозвола

Во полцискиот билтен речисе секојдневно се информациите кои констатираат дека возачи управувувале возило без возачка дозвола. Од објавите, интересно е тоа што,  возачите не се малолетни и имаат право на добивање (полагање за) возачка дозвола, но го управувaле автомобилот без да имаат сообрајќаен документ, како потврда за знаењето за управување...

(Фото) И, мало и големо возеше велосипед на манифестацијата „Сите на велосипед“ во Прилеп

Повеќеод од 300 љубители на велосипедот, од мали до возрасни, од рекреативци до професионалци, денеска се вклучија во манифестацијата „Сите на велосипед“, која по повод 24 мај, Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, по 20-ти пат се одржа во Прилеп. Велосипедска тура, се одвиваше на релација Прилеп ( од...