За Кочани се поднесени пријави за 70 лица без селективност и двоумење, порача Тошковски на Денот на полицијата

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

За трагедијата во Кочани Министерството за внатрешни работи спроведе сеопфатна истрага и поднесе кривични пријави против 70 сторители меѓу кои има и сегашни и поранешни министри, градоначалници, раководители, инспектори, полициски службеници и други носители на одговорност без заштита, без селективност, без двоумење, порача министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на одбележувањето на Денот на македонската полиција – 7 Мај.

Како успех во досегашното водство на Министерството за внатрешни работи Тошковски го истакна намалувањето на криминалитетот, разбивањето на 14 организирани криминални групи поврзани со дрога, силна борба со корупцијата, случајот „Адитиви“ во којшто се осомничени 23 лица, којшто го нарече симбол дека нема недопирливи, потоа откривањето на злоупотребите со инвалидските пензии.

Безбедноста не е привилегија, туку темел на секое здраво општество. Затоа наша обврска е да не отстапуваме – порача Тошковски.

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

МВР и ОЈО за случајот со убиството во Зрновци

Денеска (21.03.2026) во СВР Штип е пријавено дека околу 10:40 часот во с.Зрновци во место викано Ѓошевски орев во близина на зрновска река е пронајден човечки леш, во фаза на распаѓање. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Од ОЈО пак посочија: Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани врши увид на локација каде е

Зрновци потресено: Според неофицијални извори, девојка е жртва на тежок инцидент

Според неофицијални и засега непотврдени информации, во Зрновци се случил сериозен кривичен настан во кој наводно животот го загубило женско лице. Дел од информациите упатуваат и на можност за претходно насилство, но надлежните институции сè уште немаат излезено со официјална потврда за деталите. Во моментов, на местото на настанот се присутни екипи од Полициската станица

Уживајте во пролетта…

Астрономската пролет почна вчера попладне, а сезонските прогнози покажуваат дека голем дел од светот влегува во потопол период од вообичаеното. Овој период се карактеризира со пораст на температурите, подолги сончеви денови и интензивно раззеленување на природата. Во околината на Кочани веќе се забележуваат расцутени дрвја и зголемена вегетација, што е типично за овој дел од