Трипуновски: Уште денеска ќе биде пуштена водата, земјоделците да бидат спокојни

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Утрово добив информација дека имало незадоволство околу почетокот на сеидбената сезона во делот на оризопроизводството. Затоа денеска дојдов тука на работен состанок со оризопроизводителите за да разговараме за наводнувањето, околу почетокот на сеидбата“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од Чешиново Облешево.

„Заедно со директорот на АД Водостопанство, во чија надлежност е пуштање на водата до оризовите полиња сме помеѓу земјоделците. Утрово директорот на Управата за хидрометеоролошки работи ме извести дека во наредниве денови ќе имаме интензивни врнежи што значи дека хидролошката состојба ќе се подобри“, појасни тој.

Министерот посочи дека заедно со директорот на АД Водостопанство ќе разговараат со земјоделците бидејќи од нивна страна имаше барање високите зони, песокливите површини да бидат ненасеани со ориз, а се останато да биде покриено вода. „Информацијата што ја разменивме заедно со директорот со земјоделците е дека водата уште денеска ќе биде пуштена за да се запазат оптималните рокови кои согласно науката велат дека треба до 15-ти мај да се заврши сеидбата.

Така да во делот на она што значи поплавување со површини на вода очекувам дека нема да има проблем, земјоделците треба да бидат спокојни“, додаде министерот.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во Кочани нема да има прекин во напојувањето со електрична енергија…

Радио Кочани дознава! Во текот на утрешниот ден прекини во напојувањето со електрична енергија ќе има: Во цела општина Зрновци, с. Прибачево, пумпите во грдовски Орман и дел од с.Тркање. Прекинот е планиран од 9 и 30, до 15 часот. Во градот Кочани нема да има прекин во напојувањето со електрична енергија! Доколку имаме дополнителни

Кочани без вода утре! Целодневен прекин поради зафати на електродистрибуција

Поради планирани активности на Електродистрибуција АД Скопје, подружница Кочани, на 26 март 2026 година ќе дојде до прекин на електричната енергија во атарот на Пумпната станица во Грдовци, што ќе предизвика и прекин во водоснабдувањето на цела општина Кочани. Од КЈП „Водовод“ Кочани информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 9:30 до 21:00

Судење за „Пулс“: Општината барала од Министерството за економија и ДПИ да не издаваат лиценца поради несоодветна намена на објектот

Општина Кочани навремено го поништила известувањето за користење паркинг-простор и побарала од Државниот пазарен инспекторат да не ѝ издава лиценца за работа на дискотеката „Пулс“ бидејќи објектот се наоѓал во зона за лесна и незагадувачка индустрија. Ова го истакна сведокот Драги Илиевски, раководител на Одделението за уредување на градежно земјиште, на денешното рочиште што се