Нека е аирлија – започна расадувањето на тутун во прилепско!

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Со стабилизирање на временските прилики, деновиве, започна расадувањето на тутунот во прилепско. На парцелите каде што со механизацијата може да се влезе и работи, земјоделците брзаат да го засадат втасаниот тутунски расад кој што изминативе денови ја достигна оптималната зрелост бидејќи и неколку недели од вообичаено беше посеан рано пролетва.

Под ориентален тутун годинава ќе бидат околу 14 300 хектари во Македонија, според склучените 33 000 договори со 10 те откупувачи. Новата реколта 2025/26 та се очекува да тежи околу 27 000 тони тутун. Ова претставува зголемување на бројот на договори, на планирани површини и производство за новата реколта. Цените во новите договорите од реколта 2025/26 година се движат од 400 до 420 за прва класа, од 312 до 360 за втора и 250 до 300 денари за трета класа.

Ланската реколта тежеше 24 321 802 кгр, со постигната просечна откупна цена од 399.80 денари за кгр.

Минатата недела министерството за земјоделство ги исплати субвенциите по 100 денари од кгр кон 14 502 земјоделски стопанства.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Ќе се мијат улиците за почист град

Ќе се мијат главите сообраќајници за почист град, соопштуваат од ЈКП Комуналец, кои ветуваат дека ова миење на улиците, во иднина ќе се одвива редовно. Но, за темелно чистење на овие површините граѓаните ќе мора да ги отстранат паркираните автомобили на тротоарите во одреден термин. Имено, На 15.02.2026 година(недела), од...

Да му помогнеме на 14 годишниот Марко!

Марко Џолевски има само 14 години, а веќе животот го има соочено со редица здравствени предизвици. Неодамна во Турција беше опериран од тумор на жолчката, но неговата битка за подобро здравје сè уште трае, бидејќи живее со епилепсија, нарколепсија, апнеа, замор и болки.По враќањето од Турција, гастрохепатолошките и невролошките состојби...

Прилепчани не се предадоа лесно – битолскиот шампион се помачи за победа

Ракометарите на Прилеп во натпреварот од 21. коло на македонската Суперлига на гостувањето кај Еурофарм Пелистер во Битола, се вратија со пораз,  32-27 (16-12) . Но, РК Прилеп не се предаде и со солидна игра,особено во во второто полувреме држеше мала негатива. На средина од вториот дел  од натпреварот Шипинкоски...